Skip to content
Дома
Две атрактивни градежни локации се понудени на јавно наддавање
9.03.2010.
Прочитај повеќе...

За две локации во Прилеп, едната во населбата Точила, а другата спроти касарната „Мирче Ацев„ од страна на Министерството за транспорт и врски објавени се огласи за отуѓување на градежно земјиште по пат на јавно наддавање, сопственост на Република Македонија, кое се наоѓа во Општина Прилеп, наменето за изградба на објект за семејна куќа – домување и за индивидуално становање.

Прочитај повеќе...
 
ОБЈАВА за отуѓување на градежно земјиште по пат на jавно наддавање
9.03.2010.

(6-7/03/2010)ОБЈАВА за отуѓување на градежно земјиште по пат на jавно наддавање, сопственост на Република Македонија, кое се наоѓа во Општина Прилеп наменето за изградба на објекти за индивидуално становање - 6.3.2010


Прочитај повеќе...
 
Јавен повик
8.03.2010.

Врз основа на Член 2 од правилникот за утврдување на критериумите и постапката за доделување на средства од Буџетот на Општина Прилеп

("Службен гласник на Општина Прилеп" бр.4/2009), Општина Прилеп објавува 

 

Ј А В Е Н    П О В И К

 

За прибирање на барања за распределба на средства од Буџетот на Општина Прилеп за 2010 година наменети за финансирање на програмски активности на Здруженија на граѓани, фондации и други правни лица во областите под надлежност на локалната самоуправа

Се повикуваат Здруженијата на граѓани и фондации и други правни лица од областите од надлежност на општината и тоа: спорт и рекреација, култура, социјална заштита и заштита на децата, образование и здравствена заштита. Своите барања за распределба на средства од Буџетот на Општина Прилеп за 2010 год. да ги достават до Општина Прилеп во рок од 15 дена сметано од денот на објавување на овој јавен повик во локалниот  весник "Зенит", на ТВ "Визија" и на  ВЕБ страната на општина Прилеп.

Распределбата на средствата од Буџетот на општина Прилеп за 2010 година, наменети за финансирање на програмските активности на Здруженијата на граѓани и фондации и други правни лица од областите од надлежност на општината ќе се врши согласно Правилникот за утврдување на критериумите и постапката за доделување на средства од буџетот на општина Прилеп за 2009 година, донесен од Советот на општина Прилеп и објавен во Службен гласник на Општина Прилеп бр.4 од 03.03.2009.

Средствата се доделуваат еднократно.

Прочитај повеќе...
 
Наградените музички таленти во Белград на прием кај градоначалникот Ристески
4.03.2010.
Прочитај повеќе...

Градоначалникот Ристески во својот кабинет ги прими наградените музички таленти на седмиот Меѓународниот фестивал за клавир „Даворин Јенко “ во Белград од основното музичко училиште “Ордан Михајлоски Оцка“ од нашиот град. Бистра Петреска која освои прво место, Елена Петреска, трето место и двете во категоријата до десет години, и Марко Маркоски кој исто така освои трето место во категоријата од десет до дванаесет години.

Прочитај повеќе...
 
Презентација на проектот „Откривање на архитектонското наследство на Мариово“
3.03.2010.
Прочитај повеќе...

Во присуство на претставници од Центарот за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој (ЦеПроСАРД), градоначалникот на општина Прилеп Г-дин Марјан Ристески, градоначалникот на општина Кавадарци Г-дин Александар Панов и градоначалникот на општина Новаци Г-дин Лазар Котевски, во малата сала на општина Прилеп беше извршена презентација на резултатите од проектот „Откривање на архитектонското наследство на Мариово“ на која присуствуваа голем број на граѓани.

Прочитај повеќе...
 
Реновирана училишната зграда во „Круме Волнароски“ во Галичани
1.03.2010.
Прочитај повеќе...

Градоначлникот Ристески го посети О.У „Страшо Пинџур“ во Мало Коњари и подрачното училиште „Круме Волнароски“ во Галичани. Во подрачното училиште „ Круме Волнароски“ завршени се активностите околу реновирање на училишната зграда и една од училниците за изведување на наставата.

За градежните зафати околу реновирање на училишната зграда и една од просториите за изведување на наставата Локалната самоуправа издвои средства во висина од триста илјади денари.

Прочитај повеќе...
 
Реновирана кровната конструкција во ОУ „Круме Волнароски“
26.02.2010.
Прочитај повеќе...

Градоначлникот Ристески ги посети двете основни училишта „Круме Волароски“ во Тополчани и „Кирил и Методиј“ во Канатларци.

Во основното училиште „ Круме Волнароски“ завршени се активностите околу реновирање на кровната конструкција. За реновирање на кровната конструкција Локалната самоуправа издвои средства во висина од еден милион и двеста илјади денари.

Прочитај повеќе...
 
Градоначалникот Ристески на средба со Здружението на пензионери од нашиот град
26.02.2010.
Прочитај повеќе...

Градоначалникот Ристески оствари средба со членовите од Здружението на пензионери од нашиот град. За време на средбата стана збор потребите на ова здружение и поддршката која ја има од страна на  Локалната самоуправа.

Членовите на ова здружение изразија голема благодарност, за поддршката и добрата соработка со општина Прилеп.

Прочитај повеќе...
 
Работен состанок за проектот за реконструкција на Работничкиот Универзитет „Пере Тошев“
26.02.2010.
Прочитај повеќе...

Градоначалникот Ристески оствари работна средба со претставници од трите Државни Универзитети „ Св.Кирил и Методи“ – Скопје, „Св.Климент Охридски“ – Битола, „Гоце Делчев“ - Штип и Министерството за образование и наука.Целта на состанокот беше разгледување на техничките можности на проектот за реновирање на Работничкиот Универзитет „Пере Тошев“, каде треба да бидат сместени трите насоки од дисперзираните студии во нашиот град.

Прочитај повеќе...
 
Годишен извештај за работата на овластениот просветен инспектор
25.02.2010.
Годишниот извештај за работата на овластениот просветен инспектор за 2009 година можете да го превземете  овде 177.97 Kb.
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 16 од 193

Е-информатор