Доделени наградите за 22 издание на Карневал „Прочка“

По повод годинешното 22 издание на карневалот „Прочка“, градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески денес во просториите на Општината оствари средба со учесниците на карневалското дефиле и изложбата на маски.
Беа доделени дипломи на менторите, наставниците, професорите и директорите на училиштата, притоа заблагодарувајќи им се на сите кои што учествуваа и помогнаа во целокупната одлична организација и реализација на Прочка 2024.
Градоначалникот Борче Јовчески истакна дека со организацијата на карневалот „Прочка“ се поттикнува натпреварувачкиот дух и креативноста, како кај младите така и кај наставниците и менторите а исто така и се овозможува на еден современ начин да продолжиме да ја негуваме нашата вековна македонска традиција.