Општи акти кои што ги донесува општината се:
- Статутот на општината претставува пропис со кој што општината го уредува вршењето на своите надлежности;
- Буџетот на општината претставува годишен план за финансирање на функциите и обврските на Единицата на локалната самоуправа и Фондовите, и се состои од годишна проценка на приходите и трошоците по намени;
- Генералниот (ГУП) и деталните урбанистички планови (ДУП) го претставуваат урбанистичкото уредување на општината.