Со статутот на општината се уредуваат:
- организацијата и работењето на органите на општината,
- организацијата и работењето на комисиите на Советот,
- вршењето на работите од член 20 од Законот за локална самоуправа кој се однесува на општите надлежности на општините,
- начините на информирање на граѓаните,
- случаите на исклучување на јавноста од седниците на Советот,
- начинот и постапката за доставување претставки и предлози за работата на органите на општината и постапување по нив,
- начинот на организирање на јавни трибини, спроведување на анкети и прибирање на предлози од граѓаните,
- начинот на извршување на обврските од областа на одбраната во воена состојба, како и други прашања од значење за локалната самоуправа
Преземете го Статутот на општината со клик на линкот СТАТУТ НА ОПШТИНАТА.
Преземете го пречистениот текст на Статутот на општината со клик на линкот Статут пречистен текст.
