(1) Советот:
- Го донесува статутот на општината и други прописи;
- Донесува буџет на општината и годишна сметка на општината;
- Ја утврдува висината на сопствените извори на приходи за финансирање на општината, во рамките утврдени со закон;
- Основа јавни служби во рамките на надлежноста на општината и врши надзор над нивната работа;
- Именува членови во управните одбори на јавните служби кои ги основа;
- Усвојува програми за работа и финансиски планови за финансирање на јавните служби, кои ги основала општината;
- Ги усвојува извештаите за извршување на буџетот и годишната сметка на општината;
- Одлучува за давање на дозвола за вршење на дејност од јавен интерес од локално значење, во согласност со закон;
- Ги усвојува извештаите за работата и годишните сметки на јавните служби, кои ги основала општината;
- Одлучува за начинот на располагање со сопственоста на општината;
- Одлучува за начинот на вршење на финансиска контрола на буџетот на општината, во согласност со закон;
- Го избира лицето кое раководи со подрачната единица на Министерството за внатрешни работи во општината, во согласност со закон;
- Го разгледува и усвојува годишниот извештај за јавната безбедност на подрачјето на општината, кој го доставува до министерот за внатрешни работи и народниот првобранител;
- Може да дава препораки на раководното лице на подрачната единица на Министерството за внатрешни работи од областа на јавната безбедност и безбедноста во сообрајќајот и
- Врши и други работи утврдени со закон.
(2) Доколку советот не ги усвои извештаите од ставот (1) точките (7) и (9) на овој член, може да покрене постапка за вршење на контрола над материјалното и финансиското работење пред надлежниот орган за надзор.
(3) Раководното лице од ставот (1) точка (12) на овој член е избрано ако за него гласале мнозинството од сите совети на општините, кои ги опфаќа подрачната единица на Министерството за внатрешни работи.