Најрепрезентативни споменични комплекси од античкиот период во поблиската околина на град Прилеп се локалитетите: „Бедем“, „Градиште“, „Безистен“ и остатоците од античките градови Стибера, Алкомена, Керамија и Колобанса.
Од средниот век, најпознати се црквите и манастирите: Св. Архангел Михаил (11-14 век), Св. Петар и Павле (14 век), Св. Никола (12-13 век), Св.Атанас (14век), Св.Пречиста Богородица (14-15век), Св.Успение Богородичино (14-17век), Св. Преображдение (14-17век), средновековниот град „Маркови Кули“ и други.
Во 19 век во Прилеп, формиран е трговски центар, познатата Стара чаршија, а интересни споменични обележја се: Саат кула (1858 г.) црквите Св.Прображдение (1868г.) и др.