Градоначалник

Борче Јовчески е роден на 13 Март во 1970-та година во Прилеп.

Формално образование:

-1997 година завршува Медицински Факултет при Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје;

-2012 година завршува Специјализација на отсекот „Ортопедска Хирургија“ при Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје;

-2014 година има усовршување во Ортопедија, отсек рамо и колено при Универзитетската Клиника Џерах Паша во Истанбул – Турција.

Работно искуство:

-1999 до 2000 година, Општ лекар во Поликлиника Ѓорче Петров во Скопје;

-2001 до 2002 година, Општ лекар во Приватна Здравствена Установа „Медилек С“ во село Кривогаштани;

-2002 до 2007 година, Матичен лекар во Јавната Здравствена Установа „Здравствен Дом“ во Македонски Брод;

-2007 до 2012 година, Специјализант по ортопедија при Општа Болница „Борка Талески“ во Прилеп;

-2012 до 2019 година, Специјалист ортопед хирург на истото одделение во болницата;

-2019 до 2021 година, Специјалист ортопед при Приватната Здравствена Установа „Др. Јовчески“.

Во текот на повеќе од дваесет годишното работно искуство во медицината, тој присуствува на безброј обуки и семинари за Континуирана медицинска едукација.

Паралелно на работните ангажмани како лекар, Др. Јовчески бил и:

-2004-2005 година, Член на Комисијата за здравство на ВМРО – ДПМНЕ;

-2017-2021 година, Советник при Совет на Општина Прилеп.