Покана за петта форумска сесија

Општина Прилеп во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети –фаза 2“ кој го реализираат Швајцарската Влада, Министерството за локална самоуправа, Програмата за развој на Обединети нации – УНДП и партнерските општини,  заврши со реализација на процесот на Форуми во заедницата.

Ни претставува посебна чест и задоволство да Ве поканиме да учествувате на последователната (петта) форумска сесија која ќе се одржи на 28.03.2024 година со почеток од 11:00 часот, во просториите на Општина Прилеп, во Големата сала на Советот на Општина Прилеп.На оваа последователна форумска сесија пред учесниците ќе бидат презентирани резултатите од спроведените активности во рамки на процесот и имплементираниот проект како дел од грантовата шема, кој беше предложен, изработен и одбран од учесниците на форумот.

Ви благодариме за Вашето активно учество на форумските сесии кое придонесе за успешна реализација на форумскиот процес и реализација на избраниот проект.