Со континуитет на инвестиции од над 50 милиони денари во образованието, градиме квалитетен образовен систем!

Со цел да ги подобриме условите за работа во сите училишта во нашиот град и населените места и да изградиме поквалитетен образов

ен систем во првите две години од нашиот мандат како Локална самоуправа од Буџетот на Општина Прилеп одвоивме над 50 милиони денари за инвестициии во сите основни и средни училишта во општина Прилеп.
Благодарение на беспрекорната соработка помеѓу Општината и директорите на училиштата, во рамките на овие инвестиции направени се реконструкции и рехабилитации на училниците, ходниците, тоалетите, кабинетите, канцелариите, спортските сали и спортските игралишта, исто така поставени се образовни помагала смарт табли, хортикултурно и партерно уредување на дворовите, набавени се компјутери, телевизори и извршени се адаптации на неискористени простории.
Овие инфраструктурни уредувања и тековни активности кои ги реализираа училиштата за подобрување на условите за работа и одвивање на наставно-образовниот процес, се суштински важни за квалитетно образование на нашите деца.
Децата и нивното образование остануваат наш приоритет.