Боеви гаѓања на стрелиштето „Леково“

Во рамките на планските активности на Министерството за одбрана, на 17.10.2018
година, во периодот од 08.00 часот до 16.00 часот, на гарнизонското стрелиште
„Леково“ – Прилеп, ќе се изведуваат боеви гаѓања од пешадиско вооружување.
Од тие причини, се известуваат граѓаните во наведениот датум, реон и време, да
не изведуваат дополнителни активности, за да не дојде до несакани последици.