Преку проект за мултиетничка интеграција, училиштата „Кочо Рацин“ од Прилеп и „Никола Карев“ од Крушево ја одбележаа „Неделата на детето“

Во рамки на одбележувањата по повод „Неделата на детето“, ОУ „Кочо Рацин“
заедно со ОУ „Никола Карев“ од Крушево с. Норово, го
организираа проектот „Игри без граници“, ставајки акцент на мултиетничката
интеграција. Насмеани и среќни децата од второ до шесто одделение, од
македонска и албанска националност преку песни, игри и натпревари ја
покажаа целта на проектот „Сите сме исти“, којшто е организиран од
Министерството за информатичко општество.

„По повод, светската недела на детето ние ОУ ‘Кочо Рацин’ зедовме активно учество со многубројни активности. Имавме повеќе работилници, вчера, организирани од страна на учениците од нашето училиште, а денеска на оваа
зедничка средба, продолжуваме со проектот. Преку пораката која ја испраќаме ‘Градиме мостови и чекориме зедно’ , сакаме да ги сплотиме децата, да се почитуваат, иако по националност се различни, во јазикот и наставата.
Продолжуваме да се дружиме зедно и да развиваме соработка меѓу руралните
средини“, истакна Зора Чадалова, директор на ОУ „Кочо Рацин“ од Прилеп.

„Причината поради која сме овде е поканата на ОУ ‘Кочо Рацин’ да земе учество во проектот. Пристигнавме со 12 ученици во три работни групи и оваа соработка ќе ја продолжиме и во текот на целата година. Досега имаме соработувано со подрачното училиште ‘Страшо Пинџур’ од Мало Коњари. Сметаме дека ваквите проекти треба да имаат приоритет, бидејќи сето ова е во интерес на децата“, посочи Мизир Јусифоски, наставник во ОУ „Никола Карев“од Крушево с. Норово.

Покрај активностите кои се реализираа во училиштето во повеќе области, се
спроведе и крајна заедничка активност во која учествуваа сите ученици под
наслов „Игри без граници“.

Проект за меѓуетничка интеграција во образованието го претставува,
постигнувањето и одржувањето на меѓуетничка интеграција во образованието.
Препознавајќи го ова, проектот ги вклучува главните заинтересирани учесници
во сите активности, така што во текот на проектот, тие ја преземат
одговорноста за постигнување на проектните цели и стануваат двигатели на
одржлива промена. Во фокусот на проектните активности се учениците,
родителите, наставниците, администрацијата и членовите на училишните
одбори во сите основни и средни училишта во држават. Најважно е
подобрувањето на меѓуетничката комуникација и надминување на етничките,
културолошките и јазичните препреки.