Атрактивни студиски програми прилагодени на потребите на стопанството- Економскиот факултет ги отвори вратите за новите бруцоши

Градоначалникот Илија Јованоски им го честиташе првиот академски час на
бруцошите на Економскиот факултет во Прилеп. На свеченоста што се одржа
по повод први октомври тој им посака многу успех, но им порача да се градат
себе си како идни примерни академски граѓани, сестрано едуцирани, зашто
како што рече такви и се потребни на Република Македонија.

„Да бидете вооружени со знаења, да бидете достоинствени репрезенти на оваа високо-образована инсититуција и идни дипломци, на Економскиот факултет во Прилеп, кои што со своите квалитети и капацитети ќе си отворат
себе си врата во прилепското и македонското стопанство.Заложбите на Економскиот факултет и на Општина Прилеп се, од оваа институција да
излегуваат современи кадри, одлични познавачи на економските науки, кои ќе конкурираат на своите врсници од другите европски земји“, рече градоначалникот Јованоски.

Заменик министерот за образование и наука, проф. д-р Петар Атанасов во
своето обраќање на студентите, го изрази своето големо задоволството,
поради можноста да присуствува на почетокот на академската година на први
октомври на битолскиот Универзитет, каде што студентите со години
наназад се стекнуваат со нови вештини и знаења.

„Први октомври го вративме како прв академски ден со новиот Закон за високо образование и се надеваме дека сите оние концепти во законот полека ќе станат реалност и стварност. На битолскиот Универзитет има над 3.600
нови студенти,бруцоши и на сите нив им ја честитаме новата студентска година, со желба високото образование да стане расадник на млади луѓе коишто ќе нè водат напред, и во иднина ќе ги преземат своите обврски за да Република Македонија стане едно просперитетно општество. Наша главна
политичка цел е на младите да им обезбедиме што повеќе развој, што подобро и поквалитетно образование за да останат овде, а и оние што се надвор, најдобрите да ги вратиме. Државата може многу да помогне, и секако преку студентите, професорите, преку Универзитетите заедно да ја градиме Република Македонија “, порача заменик министерот проф. д-р Атанасов.

Освен што беше првиот академски ден за новата, 58. генерација студенти на
Економскиот факултет, денешниот ден истовремено беше и прв работен ден
за новиот декан на факултетот, проф.д-р Драгица Оџаклиеска.

„Денеска ја примивме новата генерација студенти, кои во наредните 4 години ќе се стекнуваат со знаења од областа на економската наука, менаџментот,
бизнисот и информатичките технологии. Економскиот факултет 6 деценииконтинуирано ги развива своите потенцијали, вградувајќи ги достигнувањата
на економската наука во едукативниот процес. Студиските програми на факултетот се атрактивни и прилагодени на потребите на стопанството, а наставниот кадар целосно е посветен на усовршување на занењата на
студентите, со примена на најсовремени наставни методи“, изјави проф.д-р
Оџаклиеска.

Ректорот на Универзитетот „Климент Охридски“, проф. д-р Сашо
Коруновски, изрази надеж дека сите студенти кои своето образование ќе го
продолжат на овој Универзитет, ќе бидат задоволни од трудот и напорот на
целиот универзитетски кадар.

„Ние како Универзитет, често зборуваме дека сме општествено одговорни,
било преку образувањето кадри или со поврзувањето со други институции,
како бизнис секторот. Затоа заеднички треба да направиме овие млади луѓе
да ја добијат својата заслужена перспектива“, вели ректорот проф.д-р
Коруновски.

Бруцошите ги зедоа индексите, а нивните повозрасни колеги им посакаа
добредојде на оваа високообразовна институција.

Ивана Сурлаџиоска е студент на трета година на смерот „Меѓународна
економија и бизнис“. Таа планира по завршување на Економски факултет да
се вработи во компанија. Верува дека Македонија е држава во којашто се
регистрираат потенцијалите на добрите студенти, па полесно ќе стигне до
своето прво работно место. Во подалечна иднина вели дека ќе основа своја
фирма и верува дека успешно ќе ја раководи.

„Како претседател на ‘Студенски парламент’ од Прилеп, се надевам дека
сите заедно ќе бележиме голем број успеси, ќе организираме многу конференции, ќе се надоградуваме со единствена цел нашето знаење да го примениме во нашето дејствување во иднина на деловен план“, вели студентката Сурлаџиоска.

Како директор на одредена компанија, по завршување на Економски
факултет,смета дека ќе биде вработен и студентот Ѓорѓија Стојаноски.

„Бидејќи мојот смер е ‘Менаџмент маркетинг’ се гледам во иднина како
директор или раководител во некоја фирма.Искрено би сакал да работам во
моја фирма, но тоа сепак откако ќе стекнам одредено искуство“, вели
Стојаноски.