Завршна приредба „Збогум градинке-ѕвони ѕвон“ на децата од градинките „Наша Иднина“

Околу 400-тини дечиња од шесте градинки „Наша Иднина“ учествуваа на завршната приредба, која градинките ја подготвија за разделаба со нив, под мотото „Збогум градинке-ѕвони ѕвон“.  Со големи овации, насмевки и песна, децата се раздрелија од своите учителки.

Настанот го поздрави и градоначланикот Илија Јованоски кој пред присутните посочи дека раниот детски развој е клучен за понатамошниот развој на секое дете. За да кажеме дека образованието во една држава е квалитетно, мора да ги имаме градинките како основа.

Со оваа приредба се завршува едно важно поглавје во животот на детето и почеток на нов, кој на 1-ви Септември започнува во училишната клупа.