Одлука за избор за унапредување на административен службеник по интерен оглас

Врз основа на член 52 став (1), (2) и (5) од Законот за административни службеници („Службен весник на РМ“ бр.27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018) , Секретарот на Општина Прилеп донесе:

О  Д  Л  У  К  А

за избор за унапредување  на административен службеник по интерен оглас

  1. По интерниот   оглас бр.1/2019 за унапредување на административен службеник, објавен на 28.05.2019 на веб страната на Општина Прилеп и Агенцијата за администрација, се избира :

Сузана Јованоска, со вкупно освоени бодови 39,13 за работно место под реден број 01. од интерниот оглас, УПР0101Б04000, Раководител на одделение за сметководство и плаќање, Сектор за финансиски прашања.

2.Именуваната ќе биде унапредена  на работното место од став 1 на оваа Одлука во рок од пет дена по конечноста на Одлуката.

  1. Оваа Одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесувањето.

О  б  р  а  з  л  о  ж  е  н  и  е

 На ден 28.05.2019 година на веб страната на Општина Прилеп и на веб страната на Агенцијата за Администрација  објавен е интерен оглас бр.1/2019 за унапредување на  административен службеник  во Општина Прилеп.

Со Решение бр.04-1639/7 од 31.05.2019 година, формирана е Комисија за селекција за унапредување на административен службеник. Комисијата за селекција за унапредување на административен службеник спроведе административна селекција  Записник од  административна селекција за интерен оглас бр.04-1639/9 од 10.06.2019 година.

На ден 11.06.2019 година секретарот на Општина Прилеп спроведе интервју со уредниот кандидат за работното место под реден број 01. од интерниот оглас УПР0101Б04000 раководител на одделение за сметководство и плаќање, Сектор за финансиски прашања и Комисијата за селекција за унапредување изготви финална ранг листа на интервјуирираниот кандидат и предлог одлука за избор  на прво рангираниот кандидат, Записник број 04-1639/10 од 11.06.2019 година.

Од доставениот финална ранг листа и предлог одлуката за избор на прво рангираниорт кандидат,број 04-1639/11 од 11.06.2019 година, Секретарот на Општина Прилеп изврши избор како во диспозитивот на оваа Одлука..

Правна поука: Против оваа Одлука незадоволниот кандидат има право во рок од осум дена да поднесе жалба до Агенцијата за администрација.

ПРЕВЗЕМЕТЕ ЈА ОДЛУКАТА

СЕКРЕТАР
на Општина Прилеп
Александра Кокароска