Заврши 56-тиот МТФ „Војдан Чернодрински“

Со претставата “Боливуд“ на Театар комедија заврши 56-от МТФ „Војдан Чернодрински“ кој предизвика овации кај публиката која во изминативе недела дена уживаше во репертоарот на различните претстави.

Одлуката на оценувачката комисија за доделување на наградите на 56-от МТФ „Војдан Чернодрински“ во состав: Љупчо ЃОРГИЕВСКИ – претседател и членовите Бесфорт ИДРИЗИ и Сотир ТРАЈКОВ ги додели следните награди:

НАГРАДА ЗА РЕКЛАМЕН МАТЕРИЈАЛ на Димитар Димитров за рекламниот материјал од претставата „НАРОДЕН НЕПРИЈАТЕЛ“ во изведба на НУ Македонски народен театар – Скопје, НАГРАДА ЗА КОРЕОГРАФИЈА И СЦЕНСКИ ДВИЖЕЊА не се доделува, НАГРАДА ЗА МУЗИКА на Тримор Доми за музиката во претставата „АРТУРО УИ“ во изведба на НУ Народен театар – Битола. НАГРАДА ЗА КОСТИМОГРАФИЈА на Благој Мицевски за костимите во претставата „АРТУРО УИ“ во изведба на НУ Народен театар – Битола, НАГРАДАТА ЗА СЦЕНОГРАФИЈА на Вишња Вујовиќ за сценографијата во претставата „НАРОДЕН НЕПРИЈАТЕЛ“ во изведба на НУ Македонски народен театар – Скопје, НАГРАДА ЗА СОВРЕМЕНА СЦЕНСКА ДРАМАТИЗАЦИЈА на Лидија Митоска Ѓорѓиевска за драматизација и адаптација во претставата „ДЕКАМЕРОН“ во изведба на Театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, НАГРАДА ЗА ТЕКСТ на Рефет Абази за текстот во претставата „ЈАЗЛИ“ во изведба на НУ Албански театар – Скопје, НАГРАДА ЗА МЛАД АКТЕР „ТРАЈКО ЧОРЕВСКИ“ на Хакан Даци за улогата Јаша во претставата „ВИШНОВАТА ГРАДИНА“ во изведба на НУ Турски театар – Скопје. НАГРАДА ЗА МЛАДА АКТЕРКА ја доби Сара Спиркоска за улогите во претставата „ДЕКАМЕРОН“ во изведба на Театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп. НАГРАДА ЗА ЖЕНСКА ЕПИЗОДНА УЛОГА и припадна на Викторија Степановска Јанкуловска за улогите во претставата „АРТУРО УИ“ во изведба на НУ Народен театар – Битола. НАГРАДА ЗА МАШКА ЕПИЗОДНА УЛОГА „ДИМЧЕ ТРАЈКОВСКИ“ на Никола Пројчевски за улогите во претставата „АРТУРО УИ“ во изведба на НУ Народен театар – Битола,НАГРАДА ЗА ГЛАВНА МАШКА УЛОГА на Никола Ристановски за улогата д-р Томас Стокман во претставата „НАРОДЕН НЕПРИЈАТЕЛ“ во изведба на НУ Македонски народен театар – Скопје, НАГРАДА ЗА ГЛАВНА ЖЕНСКА УЛОГА на Бедија Беговска за улогата Љубов Андреевна Рањевска во претставата „ВИШНОВАТА ГРАДИНА“ во изведба на НУ Турски театар – Скопје, НАГРАДА ЗА РЕЖИЈА на Ќендрим Ријани за претставата „АРТУРО УИ“ во изведба на НУ Народен театар – Битола и НАГРАДА ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВА ВО ЦЕЛИНА на претставата „НАРОДЕН НЕПРИЈАТЕЛ“ во изведба на НУ Македонски народен театар – Скопје.