Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Прилеп, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 09.06.2022 година се објавува:
Ј А В Е Н П О В И К
до
евидентирани невработени лица за вклучување во
Програмата за Општинско – корисна работа – СДЦ компонента
Се повикуваат сите евидентирани невработени лица да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “Во служба на Ромската заедница и лицата со попреченост преку Општинско – корисна работа“ за работно ангажирање со скратено работно време за период од 3 (три) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување – Центар за вработување Прилеп.
Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 3 месеци – работен ангажман.
Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работ – СДЦ компонента“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно.
На невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.
Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа – СДЦ компонента“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.
На кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа ќе им биде исплатен паричен надоместок за работно ангажирање во висина од 9.000,00 денари бруто износ месечно за времетраење на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:
- долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)
- млади лица до 29 години
- лица постари од 50 години
- невработени лица на кои им престанал работниот однос во периодот на Коронавирусот COVID -19
- лица корисници на гарантирана минимална помош
- лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност
- лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа
- жртви на семејно насилство
- лица со попреченост
- жени припадници на ромската етничка заедница и на останатите етничките заедници
- лица припадници на ромската етничка заедница
- самохрани родители
- родители на деца со пречки во развојот
- родители на 3 и повеќе деца
- росители на деца на улица
Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на:
Работно место од 1: Негувател/ка во Дневен центар за лица со церебрална парализа
Нега на лица со церебрална парализа
Позиции за работно место 1: 1 (една) позиција
Потребни квалификации и занимања:
- Минимум ССС
- Со или без работно искуство
- Да поседува сертификат за давање на услугата – неговател на лица со пореченост.
Ангажман за 3 месеци (4 часа дневно, 20 часа неделно)
Сите кандидати треба да бидат активни баратели на работа. . Предност во изборот на кандидати ќе имаат невработените лица Роми и Лица со попреченост согласно насоките на Програмата ОКР – СДЦ компонента
Работно место 2: Негувател/ка во Дом за стари и изнемоштени лица „Киро Крстески – Платник“
Нега на стари и изнемоштени лица
Позиции за работно место 2: 1 (една) позиција
Потребни квалификации и занимања:
- Минимум основно образование
- Со или без работно искуство
- Да поседува сертификат за давање на услугата – неговател настари и изнемоштени лица.
Ангажман за 3 месеци (4 часа дневно, 20 часа неделно)
Сите кандидати треба да бидат активни баратели на работа. Предност во изборот на кандидати ќе имаат невработените лица Роми и Лица со попреченост согласно насоките на Програмата ОКР – СДЦ компонента
Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Прилеп во периодот од 09.06.2022 година до 16.06.2022 година, секој работен ден од 08:00 до 14:00 часот.
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Прилеп и избраните кандидати.
Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Прилеп кај лицето Винета Иваноска vineta.ivanoska@prilep.gov.mk, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување – Центар за вработување Прилеп кај лицето Јасмина Николоска, Центар за социјлна работа Прилеп кај лицето Јасминка Митреска.
Јавен повик ОКР СДЦ 2022