ЈАВЕН ПОВИК до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата за Општинско – корисна работа

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Прилеп, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 09.06.2022 година се објавува:

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К

до

евидентирани невработени лица за вклучување во

Програмата за Општинско – корисна работа

Се повикуваат сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “Во служба на заедницата преку Општинско – корисна работа“ за работно ангажирање со скратено работно време за период од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување – Центар за вработување Прилеп.

Евидентираните невработени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува ќе бидат вклучени во програмата при што 3 месеци ќе добијат задолжителна обука и 6 месеци работно ангажирање.

 Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на задолжителната обука од 3 месеци за лицата кои не поседуваат соодветен сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува и за време на  работниот ангажман од 6 (шест) месеци/ 9 (девет) месеци статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.

 

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

На кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа ќе им биде исплатен паричен надоместок за работно ангажирање  во висина од 9.000,00 денари бруто износ месечно за времетраење на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

 

  • долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)
  • млади лица до 29 години
  • лица постари од 50 години
  • невработени лица на кои им престанал работниот однос во периодот на Коронавирусот COVID -19
  • лица корисници на гарантирана минимална помош
  • лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност
  • лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа
  • жртви на семејно насилство
  • жени припадници на ромската етничка заедница и на останатите етничките заедници
  • лица припадници на ромската етничка заедница
  • самохрани родители
  • родители на деца со пречки во развојот
  • родители на 3 и повеќе деца
  • лица со незавршено средно или пониско образование

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на:

Работно место од 1: Негувател/ка  во ЈОУДГ „Наша Иднина“ Прилеп

Нега на деца од претшколска возраст

Позиции за работно место 1:      9 (девет) позиции

Потребни квалификации и занимања:

  • Минимум ССС
  • Со или без работно искуство
  • Важечка лиценца за негувател за деца во детска градинка

Ангажман за 9 месеци (4 часа дневно, 20 часа неделно)

Сите кандидати треба да бидат активни баратели на работа.

Работно место 2: Негувател/ка во Дом за стари и изнемоштени лица „Киро Крстески – Платник“

Нега на стари и изнемоштени лица

Позиции за работно место 2:      3 (три) позиции

Потребни квалификации и занимања:

  • Минимум основно образование
  • Со или без работно искуство

Ангажман за 9 месеци (4 часа дневно, 20 часа неделно)

Сите кандидати треба да бидат активни баратели на работа.

Работмо место 3:  Негувател во Дневен центар „Ѕуница“

Нега на деца со посебни потреби

Позиции за работно место 3:    1 (една) позиција

Потребни квалификации и занимања:

  • Минимум ССС
  • Со или без работно искуство

Ангажман за 9 месеци (4 часа дневно, 20 часа неделно)

Сите кандидати треба да бидат активни баратели на работа.

Заинтресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Прилеп во периодот од 09.06.2022 година до 16.06.2022 година, секој работен ден од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Прилеп и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Прилеп кај лицето Винета Иваноска vineta.ivanoska@prilep.gov.mk, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување – Центар за вработување Прилеп  кај лицето Јасмина Николоска,  Центар за социјлна работа Прилеп кај лицето Јасминка Митреска.

Јавен повик ОКР 2022