За 1.460 деца во градинките на „Наша иднина“, грижа водат 158 вработени

„Јавната општинска установа за деца Детска градинка „Наша иднина“, е
максимално посветена на зголемување на капацитетите и подобрување на
условите во постојните градинки во општина Прилеп. За време на мојот мандат,
отворена е нова градинка во објектот на ООУ „Рампо Левката“. Извршени се
зафати за реновирање на речиси сите објекти на Детската градинка „Наша
иднина“. Во градинката „Гоце Делчев“ комплетно е сменета целокупната
водоводна и електрична инсталација, купени се нови казани за готвење, а целата
инвестиција во оваа градинка изнесува 690.000 денари. Прв пат после 35 години
се инвестира и во градинката „Аличаир“. Таму се комплетно сменети дограмата и
покривот, уредени се дворот и оградата, а во градинката „Бончејца“ ја направивме
ботаничката градина, чија цел првенствено имаше едукативен карактер“, истакна
на денешната прес конференција Орце Тодоровски, в.д. директор на ЈОУ Детска
градинка „Наша иднина“.

Тодоровски рече дека заедно со Општина Прилеп, Министерството за труд и
социјална политика и работи и други домашни и странски донатори, се преземаат
активности за изградба на две нови градинки, од кои едната ќе биде во
реновираните и адаптирани простории на Тутунски Комбинат, а другата која ќе
биде комплетно нова, ќе се гради во населбата „Точила“..

Во моментов услугите на ЈОУ Детска градинка „Наша иднина“ ги користат 1.460
деца, за кои се грижат 158 вработени. Според извршениот инспекциски надзор од
Центарот за јавно здравје и Агенцијата за храна, како што потенцираше
Тодоровски, исполнети се сите хигиенотехнички норми и стандарди за заштита на
деца од претшколска возраст.