Реакција на Општина Прилеп на пресот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ

Општина Прилеп и градоначалникот Илија Јованоски интензивно работат на
реализација на ветените проекти, но и на проекти коишто не беа опфатени со
изборната програма, а се во интерес на сите граѓани на општината.

Претходната локална власт на Општина Прилеп, и покрај тоа што имала уредба од
Владата на Република Македонија, со која на општините им се даваат на користење
објекти за спорт од локално значење, не покажала никаков интерес за превземање на
спортската сала „Македонија“.

За жал, поранешната локална гарнитура ниту постапила по уредбата, ниту покажала
интерес за некакви инвестиции во овој капитален спортски објект во Општина Прилеп.

Новата локална власта, согласно изборното ветување на градоначалникот Јованоски заизградба на „спортско – рекреативен центар“ во спортката сала „Македонија“, ги
превзеде сите технички активности и ја заврши постапката со која општината го
презеде користењето на овој спортски објект.

Веќе е изготвен и проектот за изгледот на спортско – рекреативниот центар и за скоро
ќе биде изложен на увид пред целата прилепска јавност, а во моментот се работи и на
обезбедување на финасиски средства за отпочнување со изградбата.

Паралелно на ова, Општина Прилеп и градоначалникот Јованоски со забрзано темпо
реализираа повеќе проекти во интерес на градот:

Се асфалтираа улиците „Кеј 1-ви Мај“ во должина од 270 метри ,,Кеј 9-ти Септември“
во должина од 310м, како и улицата ,,Бранко Секулоски,, со должина од 670 метри, а
во тек се градежни активности и на неколку други.

Во населените места, Мало Коњари, Кадино село, Мажучиште, Галичани, Беровци,
Големо Коњари, Ново Лагово се тампонираа пристапните патишта.

Се отвори и комплетно се опреми градинка во ООУ „Рампо Левката“, а се превземаат
активности за отворање на уште две нови, од кои едната во рамкина Тутунскиот
комбинат, а другата во населбата „Точила“.

Се отвори и Дневниот центар за лица со церебрална парализа, што исто така беше
изборно ветување на градоначалникот Јованоски, а комплетно се рехабилитираа
детските игралишта и спортските терени во населбите Варош, Точила и Типски.

За споредба, само изминативе неколку месеци се направи многу повеќе за градот и
граѓаните на Општина Прилеп, отколку во последниот 4 годишен мандат на
претходниот градоначалник.