Резиме на градоначалникот Илија Јованоски за едногодишното работење: „Долгот на Општина Прилеп е нула денари!“

„Прв капитален проект на Општина Прилеп е вратениот долг кон
добавувачите и доверителите во висина од 104 милиони денари. Долгот на
Општина Прилеп е нула денари! За мене е задоволство што следната година
ќе стартуваме од нула. Сите средства ќе бидат во оптек. Иако годинава се
реализираа сите активности, ние ги вративме сите долгови“, рече
градоначалникот Илија Јованоски, на денешната прес конференција на која
што направи резиме за реализацијата на целокупната програма и сите
активности на Општина Прилеп, во неговото едногодишно работење заедно
со новата локална гарнитура.

„Наследив задолжена Општина, урбанистички хаос, злоупотреба на
службената положба.

Но,ветеното законско работење и мојата моралната обврска кон граѓаните ги
потврдувам.

Ветив одговорно, економично, транспарентно и отчетно работење. Сè што
направивме годинава е во консултација со Граѓанскиот парламент, со
граѓанскиот сектор, со граѓаните на Прилеп. И направивме многу.Задоволен
сум од сработеното, но секогаш може подобро и повеќе. Така ќе биде во
иднина.

Сега има нов амбиент, нови можности за работа во Општина Прилеп.

Наследив долг од неполни 3 милиони евра. На примопредавањето
ексградоначалникот Марјан Ристески не го потпиша записникот што го
изготвија неговите претходни соработници, само од нему познати причини.
Околу 60 милиони денари се долг кон Светска банка за изградба на влезниот
булевар во Прилеп. А,околу 38 милиони денари се ризик од судски извршни
решенија кон поранешни доверители. Кон доверителите Општина Прилеп
беше задолжена околу 100 милиони денари. Овој долг е сега вратен.

Наследивме два грешни и штетни проекти: училиштето во населбата „Сточен
пазар“ и Градски стадион.

За првиот проект се потрошени 12 милиони денари. Училиштето е изградено
во крајно непристојни услови, каде што нема пристапен пат, во ливада, каде
што нема довод на струја, вода, ниту има одвод, а на растојание од 20-30
метри е градската река. Ова е налик на училиште и овде навистина на крај на
памет треба да му биде на човек да помисли, а не да гради училиште. Ова не
доликува на училиште каде што треба да учат деца во урбана средина.

За Градскиот стадион во Прилеп предвидени биле 28 милиони денари. Од
нив 18 милиони денари за градежните работи и 10 милиони денари за
челична покривна конструкција на северната трибина од стадионот. Поради
незавршување на обврските од Договорот за рокот за изведба, го раскинавме
Договорот со фирмата изведувач на градежните работи.

Неопходна е нова статика на северната трибина, каде што требаше да се
постави челичната конструкција за покривот. Потребно е ажурирање на
подлогите и гео-механички нови испитувања, за да се реализира проектот
законски и трибините да бидат безбедни за граѓаните. Сите овие активности
се во тек.

Прилеп и ФК „Победа“ заслужуваат да имаат Градски стадион и тој ќе биде
изграден до средината на идната година“, рече градоначалникот Јованоски,
посочувајќи на двата исклучително штетни проекти од претходната локална
гарнитура.

„Во Општина Прилеп не беше ажуриран ниту еден Детален урбанистички
план. Ексградоначалник Ристески немал намера да гради ниту покриен базен,
ниту детска градинка, бидејќи во ниту еден ДУП нема маркица за вакви
објекти. Во овој момент вршиме промена на ДУП-овите.

Ја пуштивме во употреба детската градинка „Рампо Левката“,каде се
згрижени 100-ина дечиња. Во тек е постапката за новата градинка што ќе се
наоѓа во Тутунски Комбинат А.Д. Прилеп. Сега се работи тендерот за овој
проект, што ќе биде реализиран за неколку месеци. Овде ќе бидат згрижени
уште 100-ина дечиња. За другите, не повеќе од 300 дечиња ќе изградиме нова детска градинка во населбата „Точила“, која што ќе биде изградена до крајот на мојот мандат. Така што ќе биде решен проблемот со згрижување на дечињата од предшколска возраст, проблем со којшто се соочуваа и родителите.

Изградивме Дневен центар за детска парализа. Овде се згрижени 25-30
дечиња. Има одлични услови, задоволни се и родителите. Следната година ќе
направиме нешто повеќе за децата, за лицата со посебни потреби и со
попречености“,истакна градоначалникот Јованоски, посочувајќи на
проектите коишто се дел од неговата изборна програма.

„Комплетно се уредени детските игралишта во населбите: „Точила“, во
типската населба и во „Варош“, а ќе се уредуваат игралиштата во населба
„Димо Наредникот“ и населба „Рид“.

Во населбата „Три багреми“, зајакнато е електро-напојувањето, тампониран е
патот, подобрено е водоснабдувањето, а обезбеден е и јавен бесплатен превоз
за учениците од оваа населба. До крајот на оваа градежна сезона, и овој пат
ќе биде асфалтиран.

Исчистен е каналот на Дабничка река на потегот од касарните до вливот во
Градска река во должина од 700 метри. Се чисти коритото и на Градска река
од населбата „Сточен пазар“ кон населба „Димо Наредникот“.

Инфраструктурно во оваа сезона интервениравме на разни локации во градот.
Се работи за рехабилитација, се тампонираат,се асфалтираат улиците,
ставени се ивичници, се санираат и ударните дупки. Во текот на следната
година, во градот нема да остане улица што не е асфалтирана. Онаку,каде
што годинава се тампонирани, а улиците се сеуште без асфалт, тоа е затоа
што таму се уште се прават пообемни интервенции со промена на старата
азбестна и ставање на нова еколошка водоводна мрежа и затоа што не се
решени имотно-правните односи. Затоа апелирам до сите граѓани, да го
решиме овој проблем. Прилеп следната година ќе биде град без кал.

Реконструирани се улиците: ,,Кеј 1-ви Мај“ во должина од 270 метри, ,,Кеј 9-
ти Септември“, во должина од 310 метри и крак на оваа улица, во должина од
90метри. Извршена е реконструкција на ул.,,Бранко Секулоски“ во должина од 630 метри, а рехабилитиран е и дел од главната градска сообраќајна артерија, улицата „Александар Македонски“.

Изврешено е тампонирање на улиците:„Блаже Иваноски“, „Цане
Кузманоски“, „Кресненско востание“, „Љубе Грујоски“, „Дабничка“,
„Беровска“,„Киро Базеркоски“ и „Славеј планина“.

Тампонирање на улиците е извршено и во населените места: Мало Коњари,
Кадино село, Мажучиште, Галичани, Беровци, Гoлемо Коњари и Ново
Лагово.

Се изврши санација на ударни дупки и прокопи на коловозите во градот и
населените места.Тековно се извршува припрема за асфалтирање на улиците:
,,Архимедова“ и ,,Кеј Први Мај“.

За рехабилитација со нов слој асфалт се припремаат улиците: „Јоска
Јорданоски“, „Наум Наумоски“,„Февруарски поход“, „Андон Слабејко“,
„Браќа Нунески“,„Ладо Лапецот“, „Ристе Секирчанец“,„Вера Циривири“ и
„Трајко Тарцан“.

Во Прилеп следната година овој период, сите улици ќе бидат асфалтирани“,
вети градоначалникот Јованоски.

„Во образованието, со цел да се подобрат условите за работа во сите
училишта во градот се вложени 20 милиони денари.

Во постапка е тендерската документација за гасификација за изградба насекундарна мрежа во Прилеп. Изработена е Програма за енергетска ефикасност за периодот од 2018-2020 година. Завршен е и тендерот за набавка на 4 нови автобуси на метан, кои што ќе бидат во функција во текот на следната година.

Во тек е набавка на противпожарно теренско возило преку Центарот за развој
на Пелагонискиот-плански регион во висина од 100.000 евра.
Во тек е изработка на проектна документација,а објавен е и конкурс за
изработка на идеен проект за нов театар во Прилеп во урбан блок 3.13.
Оддвоени се општински пари во висина од 3 милиони денари за основен
проект за новиот театар во Прилеп.

Објавен е јавен оглас за идеен проект за уредување на речното корито над
Градска река од населбата „Ѓогдере“ до населба „Сточен пазар“. Битно е
дека во следните 2 години ќе биде изградено речното корито на Градска река.

Во тек е промена на ДУП во населба „Точила“ и за нова детска градинка и за
изградба на нов спортско-рекреативен центар што ќе се гради вонејзина
близина. Оваа е алтернатива за ветениот проект за реконструкција на салата
„Македонија“ во спортско-рекреативен центар. Финиширана е постапката за
преземање за користење на имотот, но сепак во тек е се уште проверката на
евентуални концесионери.Бидејќи од овој момент не знаеме дали би имало
проблеми со реализацијата на проектот во овој објект, како алтернатива го
подготуваме и проектот во населба „Точила“. Што значи ветеното ќе оствари,
спортско-рекреативен центар ќе има во градот или во сала „Македонија“ или
во населбата „Точила“.

Во тек се постапки за враќање на имотот даден на користење на незаконски
начин.

Спроведена е постапка за изработка на 30 ДУП-ови за населени места и
делови од градот.

Новата локална власт аплицираше на нови проекти:
Проектот „Маркови Кули“- заштита и делување, како природно наследство
со 100.000 долари од УНДП; потоа проект „Вештачко езеро“ – нови
авантури-нови можности“, вреден околу милион евра. Во тек се проекти во
рамки на локалната социјална политика, за згрижување на бездомници,
проект од социјална мобилност за помош на стари лица и проектот за
општокорисна работа.

Општина Прилеп годинава ја рализираше целата културна програми, сите
фестивали без каков било проблем.

Им се заблагодарувам на сите вработени, коишто работеа на сите овие
проекти. Ќе се залагаме, со цел в година да бидеме уште подобри и да
продолжиме да работиме како сервис на граѓаните на Општина Прилеп“,рече
градоначалникот Јованоски на денешната прес конференција на која што
направи резиме на целокупниот едногодишен ангажман заедно со својот тим
и новата локална власт.

На прес конференцијата и директорите на јавните претпријатија го
презентираа едногодишниот извештај за своето работење.