Продлабочени и зацврстени пријателските и бизнис релациите помеѓу општина Прилеп и турската општина Бајрампаша

Делегација на општина Прилеп, предводена од градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовечски, во придружба на претседателот на Совет на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, при неодамнешната посета на Турција, воспостави и ги продлабочи општествено-културните и бизнис релации, со општина Бајрампаша во Истанбул.
На покана од општината Бајрампаша, прилепската делегација, во рамките на тридневниот престој, оствари средба со градоначалникот на општината Бајрампаша, Атила Ајдинер и со претставници од бизнис-заедницата каде што меѓу другото се разгоивараше и за иницијативцата за збратимување помеѓу општините.

„Водевме конструктивна дискусија со градоначалникот Атила Ајданер и со претставниците на бизнис секторот, за продлабочување на соработката помеѓу двете општини. За жал во текот на оваа посета не затекна тажната вест за катастрофалниот земјотрес во Република Турција. Изразивме подготвеност, општина Прилеп да помогне во обезбедување финансиска и друга логистичка помош, во рамките на нашите можности . Подадената рака значи пријателство и нашите мисли во овие тешки мигови се искрено со нив.„- истакна градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески по врајќањето од Република Турција.
Прилепската делегација оствари средба и со здружението на прилепчани кои живеат во Истанбул, кои се жители на Бајрампаша, и воглавно, имаат потекло од општина Прилеп и од прилепските населени места како: Канатларци, Ерековци, Лажани, Десово и многу други. Прилепската општинска делегација пред членовите на овие здруженија ги претстави своите идеи и проекти за населените места каде главно живее турско население и им изрази благодарност на домаќините за нивното гостопримство, со договор за нова заедничка средба.
Инаку, според статистичките податоците, во истанбулската општина Бајрампаша живеат близу 300 000 жители по потекло од Република Македонија а поголем број од нив имаат потекло, токму од општина Прилеп.