Општина Прилеп се приклучува кон одбележувањето на Европската недела на мобилност

Општина Прилеп се приклучува кон одбележувањето на Европската недела на мобилност под мотото ,,Движи се рационално, штеди енергија”. Со единствена цел, што помалку користење на автомобилите и позитивно влијание врз заштитата на животната средина, заедно со ЈП ПУП обезбеден е БЕСПЛАТЕН Јавен градски превоз за сите граѓани на општина Прилеп во петок, на 22.09.2023.
Апелираме што повеќе граѓани да ја искористат можноста да го исјористат Јавниот превоз и барем на еден ден да ги оставиме автомобилите.