Неисправна вода за пиење во повеќе населени места во Прилепско

Водата не е здравствено исправна за пиење во населените места од јавните чешми во: Прилепец, Чумово, Мало Рувци, Ѓумушица како и од локалниот водовод на селата старо Лагово Волково, Алинци, Веселчани, Загорани, Тројкрсти, Чепигово, село Ерековци и Кнатларци, информираа од Центарот за јавно здравје – Прилеп.

Водата од овие чешми според Центарот за јавно здравје не смее да се користи за пиење, без да се преврие најмалку 10 минути. Од Центарот, вршат редовни анализи на исправноста и квалитетот на водата за пиење од јавните чешми во населените места, каде што нема водоводи кои што се вклучени во водоводната мрежа со која стопанисува ЈКП „Водовод и канализација“.