Честитка на градоначалникот Илија Јованоски по повод празникот Курбан Бајрам

Во овие празнични мигови, со желби за радост, среќа, благосостојба и душевен
мир, дозволете да Ви го честитам големиот празник Курбан Бајрам. Овој празник
не’ потсетува на вредностите што празникот ги слави: меѓусебната почит,
солидарноста, добрината кон различните и помошта на немоќните.

Големите верски празници се денови за потенцирање на вредностите на
заедничкиот живот, на соживотот на луѓето од различна вероисповед. Сите ние,
граѓаните од различни вери и заедници, треба да продолжиме заедно да ја
градиме иднината на Прилеп и на Република Македонија, бидејќи тоа е
единствениот вистински пат за сите нас.

Уште еднаш Ви го честитам Курбан Бајрам и Ви посакувам деновите на
празнување да ги поминете со добра мисла и во семејно опкружување.

Со почит,
Градоначалник на Општина Прилеп
Илија Јованоски