Јавна презентација и јавна анкета по Предлог УП за с.Тополчани

Врз основа на член 95 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20), член 35 став 1 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 193/15, 44/15, 31/16,163/16,64/18 И 168/18), и чл.50 од Законот за локална самоуправа (Сл. весник на РМ бр.5/02), Градоначалникот на Општина Прилеп го донесе следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

Се организира јавна презентација и јавна анкета по Предлог Урбанистички план за село Тополчани со разработка на блок 3, Општина Прилеп.

Планскиот опфат го опфаќа селото Тополчани, на подрачјето на КО Тополчани, Општина Прилеп.

Површината на планскиот опфат изнесува 946264m2.

 Јавна анкета и јавната презентација по Предлог Урбанистички план за село Тополчани со разработка на блок 4, Општина Прилеп, ќе се спроведе со излагање на Предлог планот во просториите на Општина Прилеп.

Јавна анкета и јавната презентација по Предлог Урбанистички план за село Тополчани со разработка на блок 3, Општина Прилеп ќе се спроведе со излагање на Предлог планот во просториите на Општина Прилеп.

Јавната анкета ќе трае 6 работни дена од денот на објавувањето на Соопштението, односно од 11.04.2022г. до 18.04.2022г. секој работен ден од 8,30 до 15,30 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 15.04.2022 година во 14:00 часот во просториите на Општина Прилеп.

 

ГРАДОНАЧАЛНИК

на Општина Прилеп

Борче Јовчески

УПС Тополчани

Анкетен лист за ЈА и ЈП

Одлука за ЈА и ЈП 

Соопштение за ЈА и ЈП