Се организира јавна презентација и јавна анкета за УП с. Беловодица

БР._______________  од________________.2020год.

Прилеп

 

Врз основа на член 95 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20), член 35 став 1 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 193/15, 44/15, 31/16,163/16,64/18 И 168/18), и чл.50 од Законот за локална самоуправа (Сл. весник на РМ бр.5/02), Градоначалникот на Општина Прилеп го донесе следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

Се организира јавна презентација и јавна анкета по Предлог урбанистички план за село Беловодица, со разработка на блок 2, Општина Прилеп.

Планскиот опфат го опфаќа селото Беловодица, на подрачјето на КО Беловодица, Општина Прилеп.

Површината на планскиот опфат изнесува 145030m2

 Јавна анкета и јавната презентација по Предлог урбанистички план за село Беловодица, со разработка на блок 2, Општина Прилеп, ќе се спроведе со излагање на Предлог планот во просториите на Општина Прилеп.

нкета и јавната презентација по Предлог урбанистички план за село Беловодица, со разработка на блок 2, Општина Прилеп ќе се спроведе со излагање на Предлог планот во просториите на Општина Прилеп.

Јавната анкета ќе трае 6 работни дена од денот на објавувањето на Соопштението, односно од 11.04.2022г. до 18.04.2022г. секој работен ден од 8,30 до 15,30 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 15.04.2022 година во 13:00 часот во просториите на Општина Прилеп.

ГРАДОНАЧАЛНИК на Општина Прилеп Борче Јовчески

Анкетен лист за ЈА и ЈП

Oдлука за ЈА и ЈП

УПС Беловодица со потписи(3)