ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДООФОРМУВАЊЕ НА ЧЕТВРТ СТЕПЕН ФОРМАЛНО СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА МЛАДИ И ВОЗРАСНИ ЛИЦА РОМИ

Општина Прилеп објавува јавен повик за учество во акција за обезбедување на поддршка за дооформување на четврт степен формално средно образование за млади и возрасни лица Роми од Општина Прилеп.

Оваа активност се имплементира како дел од Акција 2 „Пост КОВИД 19 превенција и
мерки за закрепнување во образованието за млади и возрасни Роми“, согласно
потпишаниот договор за грант помеѓу Советот на Европа и Општина Прилеп бр. 03-329/1,2 и 3 од 01.02.2023 година за реализација на проектот „Поставување на соодветни технички средства – легнати полицајци, пешачки премини и сообраќајни знаци на најфреквентните места на движење и пост КОВИД превенција и мерки за закрепнување во образованието за млади и возрасни Роми“ (на англиски Installation of appropriate technical means – speed barriers or “Speed bumps”, pedestrian crosswalks and traffic signs at the most frequented places of movement and Post-COVID-19 prevention and recovery measures in Education for Roma young people and adults). Овој грант е финансиран во рамки на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа, РОМАКТЕД Програмата Фаза II за „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“, а во рамки на договорот за грант се спроведуваат Акција 1 и Акција 2.

Краток опис на акцијата

Оваа акција има за цел директно да го промовира и унапреди образовното ниво на дел од ромската заедница во Општина Прилеп со цел да им овозможи на Ромите да бидат конкуректни и да им го олесни пристапот на пазарот на труд.
Целта на повикот е да се обезбеди формална диплома за завршено средно четиригодишно образование за млади и возрасни Роми кои го немаат комплетирано
своето средно образование.
Со оваа активност ќе бидат опфатени три до пет млади и возрасни Роми (во рамки на
обезбедениот буџет) од Општина Прилеп кои имаат завршено тригодишно средно

образование, односно им недостасува уште една година за да се стекнат со диплома за завршен четврт степен на формално средно образование во Средните општински
училишта во Општина Прилеп. Изборот ќе се врши по принцип „прв дојден, прв услужен“.
Дооформувањето на образованието треба да биде спроведено во временски период од октомври до декември 2023 година.
Избраните кандидати ќе се стекнат со диплома за завршен четврт степен формално
средно образование.

ГЕНЕРАЛНИ КРИТЕРИУМИ ЗА УЧЕСТВО ВО ПОВИКОТ
1. Лица со лична карта и адреса на живеење на територија на Општина Прилеп
2. Лица кои немаат завршено четврт степен формално средно образование, односно
немаат завршена четврта година од средно образование,
3. Лицата да бидат на возраст од 18 до 45 години
4. Лицата да бидат припадници на ромската заедница
Се охрабруваат жените Ромки да аплицираат.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
Заинтересираните кандидати да ги достават следните документи:
1. Пополнета Пријава (во прилог да се пополни пријавата која е прикачена заедно со јавниот повик)
2. Копија од лична карта
3. Копија од завршени свидетелства за 1ва, 2ра и 3та година средно образование
4. Лична изјава за припадност на ромска заедница (во прилог да се пополни
пријавата е прикачена заедно со јавниот повик)
5. Изјава за лични податоци

Комплетната документација може се достави на три начини:
– во архивата на општината во затворен коверт со долунаведена назнака,
назнака: ЗА „ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДООФОРМУВАЊЕ НА ЧЕТВРТ СТЕПЕН ФОРМАЛНО СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА МЛАДИ И ВОЗРАСНИ ЛИЦА РОМИ“- РОМАКТЕД ПРОГРАМА

Крајниот рок за доставување на документацијата е пет (5) работни дена од денот на
објавување на огласот на веб страната на општината и огласната табла во приемнто
одделение на Општина Прилеп, односно од 09.10.2023 год. до 16.10.2023 год.
Ненавремената и некомплетната документација нема да се разгледува и истата нема да влезе во конкуренција со останатите пријави.
За сите дополнителни прашања и информации можете да не контактирате на следниот број: 075 385 718 секој работен ден од 10:00 до 12:00 часот или е-маил адреса:
romactedprilep@gmail.com.
Лице за контакт Билјана Настеска

Трошоците за комплетирање на средното образование ќе бидат покриени од страна
на Општината во рамки на акцијата „Пост КОВИД 19 превенција и мерки за
закрепнување во образованието за млади и возрасни Роми“ финансирана во рамки на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа, од РОМАКТЕД
Програмата Фаза II за „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво„

Општина Прилеп

3.1 PRIJAVA ZA LICA ZA DOOFORMUVANJE NA SREDNO OBRAOZVANIE-PRILOG KON JAVEN POVIK

3.2 Izjava