Вечерва ќе биде санирана оштетената водоводна цевка на ул. „Кузман Јосифоски – Питу“

Градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски и директорот на ЈКП „Водовод и Канализација“, Емил Јанески, вечерва извршија увид во градежните работи околу санацијата на пукнатата цевка на улицата „Кузман Јосифоски – Питу“. Според Јанески, дефектот до кој дојде попладнево, ќе биде отстранет во текот на вечерта. Јанески додаде дека граѓаните од улицата „Кузман Јосифоски – Питу“ во наредните неколку часови до поправката на дефектот нема да имаат вода.

„Во текот на вечерните часови започнуваме со интервенција за санирање на штетите предизвикани од пукање на водоводна цевка Ф-300, на улицата „Кузман Јосифоски – Питу“. Истовремено сакаме да ги информираме граѓаните кои живеат на оваа улица дека во текот на наредните неколку часа ќе останат без водоснабдување“, изјави Емил Јанески, директор на ЈКП „Водовод и Канализација“ – Прилеп.

Јанески потенцираше дека поради поројните дождови, кои го зафатија Прилеп, повеќе места во градот беа поплавени. Денеска екипите на ЈКП „Водовод и Канализација“ имале полни раце работа и успешно се справиле со голем број на критични ситуации.

„Во текот на денешниот ден поради обилните дождови кои се случија на подрачје на Општина Прилеп беа поплавени повеќе улици, домаќинства и институции. Сливниците не беа во можност да ги задоволат големите и обилни количества на вода кои што паднаа во Прилеп. Од тие причини ЈКП „Водовод и Канализација“ мораше да интервениира на повеќе локации низ градот. Пред Економското училиште беа санирани шахтите поради поплавите. Во УЗ „Тризла“, на улица „Дебарца“ беше извршен прокоп на одводните канали со соодветна механизација. Исто така се изврши санирање на дефектите на улиците „Цане Коњарец“, „Цар Самоил“, „Савка Миновска“ и „Кеј 9-ти септември“, додаде Јанески.

Јанески истакна дека ЈКП „Водовод и Канализација“ ќе продолжи навремено и ажурно да ги извршува своите задачи и упати повик до сите граѓани кои имаат потреба од нивна интеревенција веднаш да ги контактираат и дека екипите на ЈКП „Водовод и Канализација“ ќе работат 24 часа во текот на денот.

Видете и...

Градоначалникот Јованоски на сите православни христијани им го честита празникот Богојавление – Водици

Со желби за многу здравје, љубов и среќа, градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, на …