Во Oпштина Прилеп одбележан Mеѓународниот ден на студентите

По повод Mеѓународниот ден на студентите денеска градоначалникот Илија Јованоски оствари средба со студенти од Прилеп што студираат на повеќе факултети, а се членови на невладината AIESEC и други младински организации. На средбата градоначалникот Јованоски се запозна со нивните барања и активни проекти.
„Денеска на Меѓународниот ден на студентите, имам посебна чест и задоволство да остварам средба со студентите, бидејќи тие се иднината на нашиот град и нашата држава. Им го честитам нивниот празник и им порачувам дека од денеска нашата соработка ќе продолжи на сите нивоа. Денеска разговаравме и се договоривме за многу теми и предлози“, посочи градоначалникот Јованоски.

Студентите се заблагодарија на интересот што градоначалникот Јованоски го покажа за нивните проблеми.
„На покана на градоначалникот Јованоски денеска присуствувавме на една продуктивна средба, каде беа истакнати битните проблеми што ги засегаат студентите. Овие средби се од големо значење, студентите многу ги вреднуваат. Особено ни е драго што градоначалникот Јованоски има слух за нашите потреби, проекти и идеи што планираме да бидат реализирани“, рече студентот Димитар Врглески, претставник на AIESEC.
Студентите на денешната средба со градоначалникот Јованоски се договорија преку нивни претставници да земат активно учество во Граѓанскиот парламент. Ќе имаат свои претставници и во Економско-социјалниот совет. На оние успешни студенти што се соочуваат со сериозни социјални проблеми во рамките на законските ингеренции градоначалникот Јованоски и Општина Прилеп ќе им дадат одредена финансиска поддршка, како придонес во процесот на стекнување квалитетно образование на идните млади стручни кадри.
Во спомен на херојското дело на народните херои-студенти: Борка Талески, Мирче Ацев и Кузман Јосифоски – Питу денеска студентите од Прилеп пред нивните бисти во Алејата, на Могилата на непобедените, положија свежи цвеќиња и им оддадоа должна почит.
Општина Прилеп за прв пат од постоењето, денеска го одбележа Меѓународниот ден на студентите.
Меѓународниот ден на студентите е ден за почит на студентската заедница. Овој ден се чествува во спомен на нацистичките германски напади врз Чешки универзитети во 1939 година, а подоцна и во спомен на жртвите во убиствата испраќањето студентите во концентрациони логори.