Одржување на турското културно наследство на Балканот

Во рамките на 4-та меѓународна културна манифестација на Балканот, која што го негува културното наследство од Република Турција, денеска во прилепското село Канатларци престојуваше турска делегација.

Тројца пратеници: Кемал Ал Бајрак, Шабан Кардеш, Идаи Севен и претставникот на турското Министерство за култура,Сибел Ујгар на средба со градоначалникот Илија Јованоски ја истакнаа потребата од продлабочување на соработка на културен план.

Турските претставници најавија и можности за збратимување на Општина Прилеп со една општина од турската престолнина Анкара, но и донации за решавање на проблемите со водата и инфраструктурата. Манифестациј ата се одржа во организација на фондацијата „Туркмен алплер“ од Анкара.

Инаку, Канатларци е единствено село со турско население во општина Прилеп. Околу 95 отсто од вкупно 1700 жители се од турска националност.

Видете и...

Градоначалникот Јованоски на сите православни христијани им го честита празникот Богојавление – Водици

Со желби за многу здравје, љубов и среќа, градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, на …