Градоначалникот Јованоски најави реализација на проекти за подобрување на условите во детските градинки

Градоначалникот Илија Јованоски денеска ги посети детските градинки „Бончејца“ и „Гоце Делчев“, со цел на дечињата и на персоналот да им ги честита новогодишните празници, но и да добие целосна информација за условите во кои што се згрижуваат најмладите граѓани на Прилеп. Тој најави реализација на проекти со коишто ќе се подобрат условите и прошират капацитетите на детските градинки.

„Денеска сме во посета на детските градинки, за да им ги честитаме новогодишните празници на децата и на вработените. Се надевам дека во иднина оваа наша соработка ќе продолжи. На сите им посакувам многу здравје, среќа и бериќет,а на дечињата Дедо Мраз денеска им подари новогодишни подароци, се надевам дека ќе бидат задоволни“, рече градоначалникот Јованоски.

Според директорката, Благица Филипоска, Прилеп се вбројува во најдобро рангираните градови во државата, според бројот на дечиња згрижени во детски градинки. Таа акцентираше дека околу 1100 деца се згрижуваат во 5 –те градинки во Прилеп.

„Сакам да му се заблагодарам на градоначалникот Јованоски што во име на Општина Прилеп, обезбеди новогодишни колетчиња, боенки и подароци за нашите најмили. Ние како образовна институција ќе се вложиме за што поквалитетни системи на социјализација, за ова преку Општината и Министерството за труд и социјалана политика ја добиваме целата поддршка во подобрување на квалитетот во нашите градинки и зајакнување на капацитетите и изградба на нови градинки по најсовремени стандарди“, посочи директорката Филипоска.

На крајот од посетата, градоначалникот Јованоски ги покани вработените на заеднички пречек на Нова година на градскиот плоштад.

Видете и...

Во Прилеп одбележан – Светскиот ден на прегратката

„21 јануари“ е Светскиот ден на прегратката. По тој повод, денеска во просториите на градската …