Кире Спиркоски е новизбран командир на Полициска станица во Прилеп

Кире Спиркоски е избран за нов командир на Полициската станица од општа надлежност во Прилеп, на местото на досегашниот Александар Стојаноски. Советот на Општина Прилеп на денешната седница го изгласа Спиркоски за нов командир на прилепската полиција.