ВТОРА ИСПРАВКА НА ОБЈАВА 1/2021 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавање

Во Објава 1/2021 за отуѓување на градежно земјиште, сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавање во Општина Прилеп, објавена во “Службен весник на Република Северна Македонија” број 130 од 14.06.2021 година и во дневните весници “Вечер” и “ Слободен печат” oд 14.06.2021 година, согласно член 56 од Законот за градежно земјиште (“Службен весник на Република Северна Македонија” број 15/15, 98/15, 193/15, 226/15, 31/16, 142/16, 190/16 и 275/19) се врши исправка и тоа:

Во делот УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ,  точка 4 се менува и гласи:

 Уредно полномошно во скенирана форма за полномошникот што го претставува понудувачот, доколку се поднесува преку полномошник.

Во делот РОКОВИ се врши исправка: на местото каде што стои 07.07.2021 треба да стои 05.07.2021.

Согласно член 56 став 3 од Законот за градежно земјиште, Доколку од денот на исправката до истек на рокот за поднесување  на пријави се останати помалку од 15 дена, рокот за поднесување на пријавите за учество на јавното наддавање наведен во објавата се продолжува и ќе истече на петнаесеттиот ден од денот на обајвување на исправката.

Пријавите за учество на јавното наддавање за градежните парцели наведени во табеларниот преглед да се достават до ден 12.07.2021 година 23:59 часот електронски на следната интернет адреса www.gradezno-zemjiste.mk

Јавното наддавање ќе се одржи електронски на следната интернет страна www.gradezno-zemjiste.mk на ден 14.07.2021 година.

Комисијата за спроведување на постапки за јавно наддавање констатира дека, Исправката на Објава 1/2021 од 17.06.2021г. не е објавена во дневен печатен весник во согласност со член 56, став 2 од Законот за градежно земјиште, заради што донесе одлука истата исправка, повторно да биде објавена на начин во согласност со член 56, став 2 од Законот за градежно земјиште, во истите дневни печатени медиуми, Служебн весник на РСМ и на web-страната на Општина Прилеп www.prilep.gov.mk.

Останатите податоци содржани во објавата број 01/2021 остануваат непроменети.

Оваа Исправка на Објава број 01/2021 ќе биде објавена и на web-страната на Општина Прилеп www.prilep.gov.mk.

 

ОПШТИНА ПРИЛЕП

                                                                              Комисија за спроведување на

                                                                           постапките  за јавно наддавање