Во „Жабино Маало“ во духот на традицијата денеска сервирана посна трпеза

Жителите на прилепската населба „Жабино Маало“, во духот на традицијата
денеска сервираа посна светиниколска трпеза, а пред параклисот ги одржаа и
верските обреди. Го поканија градоначалникот Илија Јованоски, да биде гостинна нивната дружба.

Градоначалникот Јованоски порача чествувањата на патрониот празник „Свети
Никола“ да бидат во духот на еднаквоста и хуманоста.

„Традицијата во Прилеп продолжува понатаму, по 13 пат. И денеска по повод
патрониот празник ‘Свети Никола’ присуствуваме овде во населбата ‘Жабино
маало’. Како чудотворец ‘Свети Никола’ е заштитник на морепловците,
морнарите, сиромашните и децата. Не сме подготвени како прилепчани да го
одбележиме овој голем празник, кој воедно ги носи и еднаквоста и хуманоста.
Оваа година ја имавме и хуманитарната акција ‘Подај рака биди човек’, која
беше организирана од страна на здружението ‘Епилепсија Македонија’,
Црвениот крст, Меѓуопштинскиот центар за социјална работа и Општина
Прилеп, каде на поголем број ранливи категории граѓани им беа поделени
пакетите. Како граѓани на Прилеп да ја негуваме еднаквоста, да бидеме
заштитници на болните и сиромашните“, порача градоначалникот Јованоски,
честитајќи им ги празнувањата на сите граѓани со семејни слави.

А, годинешните кумови на чествувањето во населбата „Жабино Маало“, им
посакаа многу здравје и среќа на сите свои сограѓани.

„На секој еден му посакуваме, секој еден здравје, добрина, бериќет и мир во
домот“, порача Илинка Козароска.

„На сите им ја честитам славата ‘Свети Никола’, патрониот празник на градот и
на жителите од ‘Жабино Маало’. Им посакувам среќа, здравје и многу
благосостојба во домот“, порача и домаќинката, Сузана Козароска.