Одбележани 97 години од раѓањето на Блаже Конески во Прилеп

Денеска во Прилеп со положување на свежо цвеќе пред споменикот на Блаже
Конески од страна на делегации на Општина Прилеп, Совет на Општина
Прилеп и претставници од основното училиште ‘Блаже Конески’, беа
одбележани 97 години од раѓањето на великанот Блаже Конески.

„19 Декември е уште еден од позначајните датуми во светлата биографија на нашиот град. На овој ден славиме два патрони на кои треба да бидеме особено горди патронот Свети Никола, нека е за многу години и патронот на нашето училиште. Тоа е раѓањето на нашиот великан, кодификаторот на современиот
македонски јазик и мудрецот на македонското писмо, Блаже Конески“, посочи Каролина Николоска в.д директор на ОУ „Блаже Конески“. Свеченостите поврзани со патрониот празник започнале уште во понеделникот на 17 декември кога со положување на свежо цвеќе пред спомен бистата во ОУ

„Блаже Конески“, посета на родниот дом во село Небрегово и свечена
академија организирана во народниот театар „Војдан Чернодрински“ бил
одбележан патрониот празник на основното училиште „Блаже Конески“, бидејќи
се совпаѓа со градската слава „Свети Никола“.