Во недела во Мариово ќе се одржат 35-ти Мариовско – мегленски културни средби

Во недела на 26 мај, по 35 пат во Витолиште, во кругот на манастирскиот   комплексСвети Илија, ќе се одржат Мариовско-мегленски културни средби. На
овие средби се негува фолклорното и културно наследствоод двата региона,  Мариово и Меглен. Организатори на оваа манифестација се Општина Прилеп и  здружението Мариовско-мегленските културни средби.

И за годинешата манифестација е предвидена богата културно-уметничката  програма која ја најави Стојан Ѓуровски, претседател на здружението  Мариовско-мегленски средби.

„На 35-тите Мариовско мегленски средби кои ќе се одржат во недела на 26 мај,  ќе настапат културно-уметнички друштва од Битола, Кавадарци и Прилеп, ученици од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“, актерите на прилепскиот театар.   Освенприсуството на локалното население и големиот број на гости што ги очекуваме, годинава на манифестацијата учество ќе земат и преставници од  Друштвото на писатели на Македонија, кои учествуваа на конкурсот за лични творби кој го распиша здружението Мариовско мегленски културни средби. Како секоја година така и ова имаме организирано и превоз за сите  заинтересирани граѓани, во недела во 07.00 часот пред ЦК „Марко Цепенков“. Средбата ќе заврши со традиционален заеднички ручек“, изјави Ѓуровски.

Мариовско-мегленските културни средби имаат свој голем придонес во  развојот на руралниот туризам и промовирањето на мариовскиот регион како  потенцијал кој нуди чиста животна средина.