Улиците чисти, врнежите од снег не предизвикаа проблем во сообраќајот

Снегот кој од синоќа непрекинато паѓа, не предизвика поголеми проблеми во сообраќајот на територијата на општина Прилеп.

Синоќа и во текот на денешниот ден, низ улиците на градот и околните населени места, фрлени се 70 метри кубни ризла и 35 тони сол. Сите улици и локални патишта се проодни. Доколку за тоа постои потреба, екипите задолжени за зимско одржување на улиците и патиштата, подготвени се да интервенираат и во текот на ноќните часови.