Учениците од ООУ „Кочо Рацин“ учесници во еколошка кампања

Основното училиште „Кочо Рацин“ од Прилеп реализира еколошка кампања за
подигнување на еколошката свест кај ученици, со бенефити за себе и животната
средина. Пред две недели е спроведена акција за собирање отпад. А, денеска се
реализираше активностите се заокружени со програма, така што низ песни и
стихотворци се става акцент на потребата од еколошки чиста животна средина,што е
условено од односот на човекот.

Екокампањата ова училиште ја спроведе со поддршка на ЈКП „Комуналец“, фирмата
„Теа Андреа“ и Општина Прилеп.

„Оваа еколошка акција ќе придонесе за подигање на свеста кај децата и зачувување
на животната средина. Децата мора да знаат дека треба да растат во поздрава и
почиста животна среднина. Со продавањето на собраната пластика децата ќе добијат
повратни средства, што ќе ги употребиме во училиштето“, истакна Зора Чадамова
директор на ООУ „Кочо Рацин“ во Прилеп.