Соопштение за ЈП и ЈА Старо Лагово

БР._______________

од________________.2022 год.

Прилеп

Врз основа на член 35, став (1) од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 193/15, 44/15, 31/16, 163/16,64/18 и 168/18), член 93 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ 32/20) и член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.5/02), член 26 од Статутот на Општина Прилеп, Градоначалникот на Општина Прилеп го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

 Се организира јавна презентација и јавна анкета по УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО СТАРО ЛАГОВО СО РАЗРАБОТКА НА БЛОК 2, ОПШТИНА ПРИЛЕП.

Опис на планскиот опфат:

Старо Лагово е рамничарско село во општина Прилеп, која се наоѓа во североисточниот дел Пелагонискиот регион на надморска висина од 660.00 мнв. Селото Старо Лагово се наоѓа југозападно од градот Прилеп опкружено со месностите Голема Ливада од север, месност Воденици од исток, месност Грамада од југи месностите Голема Нива и Дуње од запад. Селото Старо Лагово од североисток го тангира регионалниот пат Р 1107 Прилеп – Витолиште. Определената и дадена ситуација на населбата поточно се најдува на југозапад од Прилеп на 7,60 km, а пристапот е преку асфалтен пат. Во с. Старо Лагово се пристигнува преку Магистралниот пат А3 Прилеп-Битола, клучката кај Ново лагово и Регионалниот пат Р1107 Прилеп – Витолиште, а во селото се влегува од исток. Јужно од селото поминува Волковска река.  Во селото, според пописот од 2002 година, живеат 38 жители. Селото има воглавно полјоделска функција а се забележуваат и производствени капацитети. Со оглед на населеноста, опкружувањето, местоположбата и значењето на селото, потребна е изработка на нова урбанистичко-планска документација.

Планскиот опфат за предметниот Урбанистички план за село Старо Лагово со разработка на блок 2, Општина Прилеп, со површина од 6,88 ха, е дефиниран со следните граници:

– на север границата се движи по северната граница на КП336/1 па продолжува по западната страна на КП96, КП95, КП93, КП85, се движи по источната граница на КП91,КП92,КП96 и КП334/2 КО Горно Лагово, Општина Прилеп,

– на исток продолжува по источната граница на КП334/2 се движи по границите на КП901 се до КП148/2, КП148/4,КП146/6, 146/2, КП146/7, КП146/1, КО Горно Лагово , Општина Прилеп,

– на југ границата продолжува по јужната граница на КП154/2, до КП113 се движи по источната граница на КП138,КП143,КП144/5,КП144/2 па продолжува по јужната граница на КП144/2, по западната граница на КП337 до јужната граница на КП111/1 ,КП109 КО Старо Лагово, Општина Прилеп

– на запад продолжува по границите на КП109, КП107, КП104, КП105,КП116,КП115/1, КП102/2 ја пресекува КП336/1 КО Горно Лагово , Општина Прилеп.

Планскиот опфат го опфаќа селото Старо Лагово, во Општина Прилеп. За конкретниот плански опфат, непосредно до него од источната страна на патот Р1107, претходна урбанистичко планска документација е изработувана уште во 1978 и во 1987 год, постојат податоци за спроведен јавен увид и јавна расправа заведени под бр. 08-2562/1 од 25,09,1987 год и предлог од 28,10,1987год од Стручната комисија до Извршниот Совет и Собранието на општина Прилеп Урбанистичкиот план за населено место Старо Лагово да го усвојат, но истиот не е во важност.

Вкупната површина на планскиот опфат изнесува 7.02ха.

Подрачјето на планскиот опфат е на територија на Општина Прилеп.

Јавната анкета и јавната презентација по УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО СТАРО ЛАГОВО СО РАЗРАБОТКА НА БЛОК 2, ОПШТИНА ПРИЛЕП ќе се спроведе со излагање на Предлог Планот во просториите на Општина Прилеп.

Јавната анкета ќе трае 6 работни дена од денот на објавувањето на Соопштението, односно од 23.11.2022 година до 30.11.2022 година секој работен ден од 8,30 до 15,30 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 30.11.2022 година, петок, во 13:00 часот во просториите на Општина Прилеп.

                      

ГРАДОНАЧАЛНИК

на Општина Прилеп

Борче Јовчески

 

Одлука Старо Лагово

Соопштение Старо Лагово

УПС Старо Лагово