Соопштение за ЈП и ЈА Шелеверци

БР._______________

од________________.2022 год.

Прилеп

Врз основа на член 35, став (1) од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 193/15, 44/15, 31/16, 163/16,64/18 и 168/18), член 93 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ 32/20) и член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.5/02), член 26 од Статутот на Општина Прилеп, Градоначалникот на Општина Прилеп го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

 Се организира јавна презентација и јавна анкета по УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО ШЕЛЕВЕРЦИ СО РАЗРАБОТКА НА БЛОК 2, ОПШТИНА ПРИЛЕП.

Опис на планскиот опфат:

Село Шелеверци е равничарско село на надморска висина од околу 630.00мнв во општина Прилеп, која се наоѓа во северноисточниот дел Пелагонискиот регион. Селото Шелеверци, КО Шелеверци се наоѓа југозападно од градот Прилеп опкружено со атарите на селата: Алинци од север, Мало Рувци од исток, Ерековци од југ и Тополчани од запад. Селото Шелеверци во атарот на КО Шелеверци е опкружено со месноста Топлик од север,Опаленик, Комарчани и Поројница од југ и Корбоец од запад. Определената и дадена ситуација на населбата поточно се најдува на југозапад од Прилеп на 15,00км, а пристапот е преку асфалтен пат. Во с. Шелеверци се пристигнува преку Магистралниот пат А3 Прилеп – Битола или Регионалниот пат Р1101 Прилеп – Битола, односно (Р 106 – стара ознака). Локалниот пат се одделува од магистралниот пат од југоисточната страна кај клучката Тополчани. Во селото, според пописот од 2002 година, живеат 21 жители. Селото има полјоделска и делумно сточарска функција. Со оглед на населеноста, опкружувањето, местоположбата и значењето на селото, потребна е изработка на нова урбанистичко-планска документација.

Планскиот опфат за предметниот Урбанистички план за село Шелеверци со разработка на блок 2, Општина Прилеп, со површина од 7,22 ха, е дефиниран со следните граници:

– на север границата се движи по северната граница на КП248 па продолжува по КП258, ги пресекува по КП262,КП265,КП275/4,КП275/2,се движи по северната граница на КП277, се до западната граница на КП830 КО Шелеверци, Општина Прилеп

– на исток продолжува по западната граница на КП830 па по источната граница на КП278,КП293,КП292 и КП294 КО Шелеверци , Општина Прилеп

– на југ границата продолжува пресекувајќи ги КП304,КП303,КП302,КП300,КП297 се до северната граница на КП299, од каде што продолжува движејќи се по источната гранива на КП286, па продолжува по јужната страна на КП296, КП297 , низ КП521, КП520 до источната и јужната граница на КП518 КО Шелеверци , Општина Прилеп.

– на запад продолжува по осовините на КП518 па продолжува по границата на КП836 се до КП239 од каде што продожува пресекувајќи ја КП241 и се движи по западната граница на КП838, КП246,КП248 КО Шелеверци, Општина Прилеп.

За конкретниот плански опфат, нема претходно изработена урбанистичко планска документација.

Вкупната површина на планскиот опфат изнесува 7,22ха.

Подрачјето на планскиот опфат е на територија на Општина Прилеп.

Јавната анкета и јавната презентација по УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО ШЕЛЕВЕРЦИ СО РАЗРАБОТКА НА БЛОК 2, ОПШТИНА ПРИЛЕП ќе се спроведе со излагање на Предлог Планот во просториите на Општина Прилеп.

Јавната анкета ќе трае 6 работни дена од денот на објавувањето на Соопштението, односно од 23.11.2022 година до 30.11.2022 година секој работен ден од 8,30 до 15,30 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 30.11.2022 година, петок, во 13:00 часот во просториите на Општина Прилеп.

                       

ГРАДОНАЧАЛНИК

на Општина Прилеп

Борче Јовчески

 

Соопштение Шелеверци

Одлука Шелеверци

УПС Шелеверци