Ослободени од партиципација 25 дечиња – Роми кои посетуваат градинка – 35-та седница на Совет

На денешната редовна седница советниците ја усвоија предлог-одлуката

за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Прилеп за 2023 година. Предлог-решението за измена и дополнување на решението за формирање Комисија за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина и предлог-решение за измена и дополнување на решението за формирање Комисија за родова еднаквост, беа, исто така, разгледани и усвоени на оваа седница.

Пред советниците, денеска, беше ставена и предлог-одлука за определување на трасата за регулација на Оревоечка рекa, со санација на веќе постоечкото регулирано корито, како и продолжување со регулација на коритото пред и по постоечка регулација, во рамките на ГУП на град Прилеп, КО Прилеп и Општина Прилеп.

Советниците ја разгледаа и дадоа согласност на консолидираната завршна сметка за 2022 година од ЈКП ,,Комуналец” Прилеп и ДООЕЛ ,,Терминал-Комуналец” Прилеп, ја усвоиеја предложената програма за инвестиции во ЈКП ,,Комуналец” Прилеп, за 2024 година, Програмата за управување со отпад на територијата на Општина Прилеп, за 2024 година, Програмата за одржување на јавна чистота на територијата на Општина Прилеп, за 2024 година, Програмата за работа и одржување на градските гробишта и капела, Програмата за одржување и користење на паркови, зеленило, парк-шуми и рекреативни површини и  Програма за подгинување и оджување на зелените површини, како и Програмата за работа на прифатилиште за бездомни кучиња, за  2024 година.

Советниците дадоа согласност и за тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Пазари”-Прилеп, за период од 01.07.2023 година до 30.09.2023 година и согласност на тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈПЕД Енерго Прилеп Прилеп, за истиот тој период.

Предлог-Одлуката за усвојување на Финансискиот план на ЈОУДГ,,Наша иднина’’ Прилеп, за 2024 година, правилникот за начелата на внатрешна организација на ЈОУДГ„Наша Иднина” – Прилеп, правилникот за систематизација на работните места во ЈОУДГ „Наша Иднина“- Прилеп и ослободување од партиципација на дваесет и пет деца Роми, што се во социјален ризик, на возраст од три до шест години за учебната 2023-2024 година во рамките на проектот ,,Инклузија на деца Роми во предучилишно образование во ЈОУДГ ,,Наша Иднина ‘’- Прилеп, беа разгледани како предлози и усвоени од страна на советниците при Советот на Општина Прилеп.

На денешната седница беа разледани и предлог-одлуки за утврдување услови за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправни објект, по барање на физички лица.

На 35–та седница, Советот на Општина Прилеп работеше со изменет состав. Катерина Пузеска, од советничката група на Левица, стана нов совтеник во составот на Советот на Општина Прилеп. Таа доаѓа на местото на Методија Костоски кој го откажа својот мандат.На почетокот на седницата беше константиран престанокот на стариот и верификуван мандатот на новиот советник.