Одбележани 154 година од раѓањето на Ѓорче Петров

Делегации од Општина Прилеп, претставници од средното училиште и
Здружението на борци со положување на свежо цвеќе пред споменикот
на Ѓорче Петров, одбележаа 154 година од неговото раѓање.

„Ѓорче Петров е еден од најголемите револуционери. Не борец само со
оружје врака, тој држел уште поголемо оружје, а тоа е науката. Тој е
првиот географ и етнолог во Македонија. Точно ги одредувал границите,
значи територијата на која живееле македонците, и постојано ја
застапувал теоријата дека секој народ па и македонскиот, самиот е
одговорен за своето постоење и за својата држава. Многу големо дело,
признание му е оддадено пост Илинденското востание, иако не се
сложувал со истото затоа што сметал, заедно со Гоце Делчев, дека е
прерано. Сепак не се откажал од својот народ од борбата и продолжил.
За жал не бил ценет од најблиските свои пријатели, тогашни
револуционери. Меѓутоа ние знаеме тоа да го почитуваме и како
воспитно образовна институција ќе изнајдеме начин младите да научат
дека поголемо оружје од науката нема, истакна Страшо Ѓорѓиоски,
директор на СОУ „Ѓорче Петров“.

Во рамките на одбележувањето на патрониот празник на средното „Ѓорче
Петров“ во попладневните часови со почеток од 17.00 часот во НУ
„Војдан Чернодрински“ ќе се одржи Свечена академија посветена на
ликот и делото на овој истакнат револуционер.