Од петок до понеделник, Центарот за јавно здравје ќе врши дезинсекција против комарци

Врз основа на одлуката на ЕЛС – Општина Прилеп за спроведување на
превентивна систематска дезинсекција, ЈЗУ Центар за јавно здравје-Прилеп ги
информира граѓаните на Прилеп дека во следните 4 денови, почнувајќи од петок
8.јуни, до понеделник 11.јуни, во периодот од 22 до 05 часот, на територијата на
општина Прилеп ќе биде спроведена првата фаза од адултицидната теристичка
(од земја) дезинсекција, со цел уништување на комарци.

Дезинсекцијата ќе се изведува со УЛВ апаратура за ладно замаглување,
поставена на пикап возило, со претходница на друго возило означено со
ротационо светло. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени сите урбани заедници во
Прилеп и неговата периферија, како и во населените места Ореовец, Лениште,
Селце, Лагово, Беровци, Кадино Село, Галичани, Тополчани, Ерековци,
Канатларци, Чепигово, Тројкрсти, Мало Коњари и Големо Коњари.

Со цел избегнување на евентуални несакани последици, се информираат
пчеларите да преземат превентивни мерки за заштита на пчелните семејства.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветер, дожд), дезинфекцијата
ќе биде одложена за следниот поволен ден.
Доколку граѓаните не се придржуваат на горенаведените превентивни мерки,
Центарот за јавно здравје-Прилеп се оградува од појава на несакани последици.