ОБЈАВА бр.2/2021 за давање под закуп недвижни ствари сопственост на Општина Прилеп по пат на електронско јавно наддавање

Врз основа на член 2 став 4 алинеа 1 и член  37, 38, 39 и 67 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Сл. весник на РМ бр.78/15, 106/15, 153/15, 190/16, 21/18, 101/19, 275/19 и „Сл. весник на РСМ“ бр.122/21), Одлуката бр.09-1644/19 од 29.06.2021 година, донесена од страна на Советот на Општина  Прилеп (Службен гласник на Општина Прилеп бр.7 од 29.06.2021 година) и Правилникот за условите, начинот и постапката за користење и располагање со стварите во сопственост на ЕЛС-Општина Прилеп, давање и примање на подароци и за евиденција на недвижните ствани во сопственост на ЕЛС- Општина Прилеп (Службен гласник на Општина Прилеп бр.14/2009, 12/2015 и 11/2018) и  Извештај за проценка на пазарната вредност  на градежно неизградено земјиште и недвижен имот од 22.06.2021 година изработено од страна на  стручно лице  проценител во Одделнието за администринање на приходи при ЕЛС Општина Прилеп  Еб.03-1573/1  (наш број 03-1573/2), Комисијата за недвижни и движни ствари при Општина Прилеп објавува,

 

ОБЈАВА бр.2/2021

за давање под закуп недвижни ствари сопственост на Општина Прилеп

по пат  на електронско јавно наддавање

(ПРВ ПАТ)

 

ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Предмет на електронско јавно наддавање е давање под закуп :

1.Недвижна ствар кој се наоѓа на КП 15625/1 КО Прилеп  адреса „Александар Македонски“ бр.414 (поранешна Моша Пијаде бб) заведена во Имотен лист бр.61643 КО Прилеп  опишан како:

-број на зграда 3 , Б6-1, влез 1, кат- СУ, број на посебен дел од зграда 1,намена на посебен / заеднички дел од зграда ДП со внатрешна површина на објектот од 376 м2, во сопственост на Општина Прилеп, согласно табеларниот преглед.

2.Недвижна ствар кој се наоѓа на КП 15625/1 КО Прилеп  адреса „Александар Македонски“ бр.414 (поранешна Моша Пијаде бб) заведена во Имотен лист бр.61643 КО Прилеп  опишан како:

-број на зграда 5 , Б6-1, кат- ПР, број на посебен дел од зграда 1,намена на посебен / заеднички дел од зграда СПОРТСКИ ТЕРЕН со отворена површина на објектот од 7296 м2, во сопственост на Општина Прилеп, согласно табеларниот преглед.

Р. бр.

Адреса

Опис на деловниот простор

Површина

Вкупна вредност денари

Почетна цена на месечна закупнината (0,5% од проценетата вредност)

Банкарска гаранција 2% од   проценетата вредност

Почеток

Час

1.

„Александар Македонски“ 414 (поранешна Моша Пијаде бб)

КП 15625/1 КО Прилеп  адреса „Александар Македонски“ 414 (поранешна Моша Пијаде бб) заведена во Имотен лист бр.61643 КО Прилеп  опишан како:

-број на зграда 3 , Б6-1, влез 1, кат- СУ, број на посебен дел од зграда 1,намена на посебен / заеднички дел од зграда ДП со внатрешна површина на објектот од 376 м2, , во сопственост на Општина Прилеп

за времетраење од  1(една) години

376  м2

7.855.764

Денари

39.279

Денари

157.115

Денари

10:00ч

2.

„Александар Македонски“ 414 (поранешна Моша Пијаде бб)

КП 15625/1 КО Прилеп  адреса „Александар Македонски“ 414 (поранешна Моша Пијаде бб) заведена во Имотен лист бр.61643 КО Прилеп  опишан како:

-број на зграда 5 , Б6-1, кат- ПР, број на посебен дел од зграда 1,намена на посебен / заеднички дел од зграда Т со отворена површина на објектот од 7296 м2 во сопственост на Општина Прилеп

за времетраење од  1(една) години

7296м2

13.461.120

Денари

67.306

Денари

269.222

Денари

10:30ч

 

За земјиштето со КП.бр.15625/1 КО Прилеп на кое се наоѓа недвижната ствар кој е предмет на давање во закуп донесен е АУП градски стадион Гоце Делчев-Прилеп со потврда за заверка бр.10-1697/9 од 22.01.2020 година, согласно Извод од АУП бр.10-1790/2 од 09.07.2021 година. 

ПРАВО НА УЧЕСТВО

За недвижната ствар која е предмет на објавата на јавно наддавање, може да се пријават за учество сите заинтересирани домашни и странски физички и правни лица кои можат да се стекнат со сопственост на недвижните ствари на територијата на Република Северна Македонија, согласно со закон и кои ги исполнуваат условите дадени во објавата.

Заинтересираните лица можат да учествуваат во постапката за издавање на објектите под закуп за еден или повеќе објекти, со поднесување на Пријава за учество, поединечно за секој објект.

НАЧИН НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИ И УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Доколку понудувачот веќе учествувал во постапките по претходни објави и спроведени јавни наддавања спроведени преку овој систем, за него се уште важат претходно автоматски доделените корисничко име и лозинка, доделена заради негово учество во претходните постапки и тоа на ниво на целиот систем (се мисли на учество во постапка која ја спроведува било која Општина). 

За учество во електронското јавно наддавање заинтересираните учесници електронски поднесуваат Пријава,  која треба да ги содржи сите податоци и докази утврдени во Објавата за електронско јавно наддавање. За да може да поднесе Пријава за учество заедно со доказите утврдени со објавата, секое правно и физичко лице треба претходно да се регистрира на веб страната www.e-stvari.mk.

Комисијата по приемот на пријавите утврдува дали се доставени во определениот рок и дали се комплетни согласно со условите во објавата по што ги известува подносителите на пријавите по електронски пат. На подносителите на пријавите кои се комплетни, Комисијата во рок од 3 (три) дена од денот на доставувањето на понудите им доставува корисничко име и шифра за учество на јавното наддавање, а на подносителите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување со образложение дека нема да учествуваат на јавното наддавање.

Документи потребни за пријава за електроноско јавно наддавање се следните:

  1. Доказ за идентитетот (полн назив, точна адреса, кои документи се приложуваат кон пријавата, телефон);
  2. Доказ за идентитет за правни лица;

-тековна од Централен регистар на РСМ – не постар од шест месеци (за домашни правни лица)

-извод за регистрација од соодветен регистар во државата од која доаѓа (за странски првни лица)

  1. Уредно полномошно за полномошникот што го претставува правното лице (заверено на Нотар);
  2. За физички лица – Лична карта или патна исправа;
  3. Е-маил адреса на поднесувачот на пријавата, преку која што ќе се врши постапката на регистрирање за учество во јавното електронско наддавање на која што ќе им биде испратено корисничкото име и шифрата за пристап на интернет страницата на која што ќе се одвива електронското јавно наддавање;
  4. Изјава со која што ги прифаќаат условите што се дадени во објавата (заверена на Нотар);
  5. Изјава за давање согласност за користење и обработка на личните податоци на понудувачот и одговорното лице на понудувачот. (заверена на Нотар);
  6. Банкарска гаранција за сериозност во висина од 2% од проценетата вредност на недвижната ствар, за учество на јавното наддавање.

Подносителите на пријавите, кои нема да бидат комплетни со овие докази нема да учествуваат во наддавањето за што ќе бидат известени по електронски пат.

ПОЧЕТНА ЦЕНА

Вкупна проценета вредност на недвижната ствар од табеларниот приказ ред.бр.1 изнесува 7.855.764 денари.

Вкупна проценета вредност на недвижната ствар од табеларниот приказ ред.бр.2 изнесува 13.461.120 денари.

Висината на почетна месечна закупнината изнесува 0,5% од проценетата вредност на недвижната ствар и истата е наведена во табеларниот преглед .

Почетната цена на месечната закупнина за недвижната ствар од табеларниот приказ бр.1 изнесува изнесува 39.279денари и се дава во закуп за период од 1(една) година.

Почетната цена на месечната закупнина за недвижната ствар  од табеларниот приказ бр.2 изнесува 67.306 денари и се дава во закуп за период од 1(една )година.

Проценетата вредност на недвижнатите ствари-Објект под реден број 1 и 2 е утврдена согласно Извештај за проценка на пазарната вредност на градежно неизградено земјиште и недвижен имот од 22.06.2021 година изработено од страна на  стручно лице проценител во Одделнието за администринање на приходи при ЕЛС Општина Прилеп  бр.03-1573/1  (наш број 03-1573/2),  изработено од страна на  стручно лице  проценител во Одделнието за администринање на приходи при ЕЛС Општина Прилеп.

РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ ДАТУМ  И ВРЕМЕ НА ЗАПОЧНУВАЊЕ НА ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ:

Пријавите за учество на Јавното наддавање потребно е да се достават во рок од 15 дена од денот на објавување на објавата заклучно до 26.07.2021 до 10 часот

Пријавите се поднесувааат  во електронска форма  на следната интрнет страница www.e-stvari.mk.

Електронското Јавното наддавање на недвижната ствар од табеларен приказ ред.бр.1 ќе се одржи на ден 29.07.2021 година со почеток во  10:00 часот.

Електронското Јавното наддавање на недвижната ствар од табеларен приказ ред.бр.2 ќе се одржи на ден 29.07.2021 година со почеток во  10:30 часот.

Јавното електронско наддавање ќе се одржи на следната интернет страна www.e-stvari.mk.

БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА ЗА СЕРИОЗНОСТ

Банкарска гаранција за сериозност на понудата во висина од 2% од проценета вредност на недвижните ствари. Покрај електронската достава на банкарската гаранција во скенирана копија на оригиналот во PDF формат подносителот на понудата/пријавата за учество е должен до крајниот рок за поднесување на понуди/пријави,  банкарската гаранција за сериозност на понудата да ја достави и во писмена форма и во оригинал преку пошта или со лично доставување на адресата на Општина Прилеп ул.Прилепски бранители бр.1, 7500 Прилеп до Комисијата за недвижни и движни ствари при Општина Прилеп. Недоставувањето на банкарска гаранција во писмена оригинална форма на посочената адреса  ја прави пријавата/понудата неприфатлива и истата ќе биде одбиена.

Банкарската гаранција се доставува задолжително за секој објект кој е предмет на закуп.

Банкарската гаранција треба да биде издадена во македонска валута, од банка која што работи и врши банкарски активности во Република Северна Македонија, а времетраењето на банкарската гаранција треба да изнесува најмалку 60 дена, сметано од денот утврден како краен рок за поднесување на пријавата.

Банкарската гаранција за сериозност на понудата ќе се наплати доколку:

– избраниот најповолен понудувач во рок од 15 дена од денот на приемот на писменото известување за избор не ја уплати понудената последна цена на електронското јавно наддавање,

-избраниот најповолен понудувач нема да го склучи договорот за закуп,

-избраниот најповолен понудувач одбие или не достави нова банкарска гаранција со која го продолжува времетраењето на претходната гаранција доставена од понудувачот во постапката.

Во случај на наплата на банкарската гаранција понудувачот во период од една година нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметните недвижни ствари.

Секоја пријава/понуда што не содржи гаранција за сериозност на понудата или содржи гаранција за сериозност на понудата која не е во согласност со условите во објавата, ќе биде отфрлена и нема да учествува на електронското јавно наддавање.

Банкарската гаранција за сериозност на понудата за учество на јавното наддавање му се враќа на подносителот на пријавата во рок од 15 дена од денот на одржувањето на јавното наддавање, а банкарската гаранција на најповолниот понудувач му се враќа во рок од 15 дена од денот на уплатата на месечната закупнина постигната на јавното наддавање за еден месец однапред.

ПОСТАПКА

Постапката за електронско јавно наддавање ја спроведува Комисијата за недвижни и движни ствари при Општина Прилеп. Подносителите кои доставиле комплетни пријави за учество на јавното наддавање на денот на спроведувањето на јавното наддавање се регистрираат на интернет страницата наведена во објавата со корисничко име и шифра за учество на јавното наддавање по што имаат право на учество на јавното наддавање. Јавното наддавање ќе се одржи доколку учесниците ги исполнуваат условите дадени во објавата. Јавното наддавање ќе се одржи, доколку по објавата се пријавил и само еден учесник кој ги исполнува условите дадени во објавата и ја прифати почетната цена.

Јавното наддавање започнува со објавување на вкупната почетна цена на месечната закупнина и се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците.

Во првите пет минути од јавното наддавање учесниците можат да ја прифатат, односно зголемуваат цената на месечната закупнина. Јавното наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во објавата, при што доколку во истекот на последните две минути одопределеното време за траење на јавното наддавање од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема нова дадена понуда.

Јавното наддавање продолжува неограничено се додека во временски интервал од две минути има нова понуда.

Доколку во првите пет минути од јавното наддавање не е прифатена понудата, односно не е дадена повисока понуда од учесникот на јавното наддавање, вредноста на недвижната ствар се намалува за 2 % по што учесниците на јавното наддавање повторно ќе имаат можност да ја прифатат односно зголемуваат цената на месечната закупнина без притоа да се ограничува минималниот чекор на зголемување. Доколку во истекот на последните две минути од вторите пет минути од јавното наддавање од страна на учесниците е прифатена понудата, односно дадена е повисока понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема дадено нова понуда.

Доколку во времетраење од 5 минути повторно нема понуда, вредноста на недвижната ствар повторно се намалува за 2 % од првичната проценета вредност.

Намалувањето на вредноста на недвижната ствар во текот на наддавањето може да биде најмногу до 30 % од проценетата вредност без разлика колку понудувачи се јавиле на јавното наддавање.

За најповолен понудувач се смета учесникот на јавното наддавање кој понудил последна цена  која претставува највисока цена за месечната закупнина.

Комисијата по завршувањето на јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање кој се доставува до сите учесници на јавното наддавање.

Учесниците имаат право на Приговор само по однос на постапката за јавно наддавање, во рок од три дена од одржувањето на јавното наддавање до Комисијата која одлучува по приговорот со решение, во рок од пет дена од приемот на приговорот.

Против решението донесено од комисијата со кое се одлучува по поднесен приговор може да се изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

ОБВРСКА НА НАЈПОВОЛНИОТ ПОНУДУВАЧ

За најповолен понудувач се смета учесникот на јавното наддавање кој што понудил последна цена на закупнината која што претставува највисока цена за закуп на недвижната ствар.

Најповолниот понудувач во рок од 15 дена од приемот на писменото известување за избор е должен да ги уплати средствата на трезоска сметка бр. 100000000063095, Банка на примачот НБРМ, уплатна сметка 840-156-06553, приходно конто 723914 и програма 00, во согласност со постигната крајна цена на месечната закупнина. Доколку не ги уплати во овој рок нема да пристапи кон склучување на договор, банкарската гаранција ќе биде активирана и понудувачот во период од една година нема да може да учествува на секое идно наддавање за предметните недвижни ствари.

По завршувањето на постапката за јавно наддавање, со најповолниот понудувач, во рок од 15 работни дена по извршената уплата  на постигнатата највисока цена на месечната закупнина се склучува договор за закуп  на недвижна ствар во писмена форма кој во рок од 30 дена се доставува кај Нотар заради вршење на солемнизација.

На договорот за закуп соодветно ќе се применуваат одредбите од Законот за облигациони односи.

Обврската за трошоци за солемнизација на Договорот паѓа на товар на закупопримачот.

Оваа објава ќе биде објавена на web страната на Општина Прилеп.

ОБРАЗЕЦ НА ПРИЈАВА (понуда)
ИЗЈАВА ЗА ПРИФАЌАЊЕ НА УСЛОВИ ОД ОБЈАВА
ИЗЈАВА за давање согласност за користење и обработка на личните податоци
Линк до објавата за првиот дел
Линк до објавата за вториот дел

Бр.12-1794/1

од 09.07.2021год.                     

                                                                                                     Општина Прилеп
Комисијата за недвижни и движни ствари
                                                               Васе Никоска – Претседател
Поликсена Булеска Ангелески – член
Александар Салатоски – член