ЈАВЕН ОГЛАС за формирање на партиципативно тело

Врз основа на член 46 од Закон за урбанистичко планирање  (“Сл.весник на РСМ” бр.32/2020), Градоначалникот на Општина Прилеп објавува :

ЈАВЕН ОГЛАС

за  формирање на партиципативно тело

  1. Опис на јавниот оглас

За обезбедување на  инклузивност, партиципативност, и јавност во процесот на урбанистичко планирање, општините задолжително формираат  партиципативно тело на иницијатива на Градоначалникот.

Партиципативното тело ги претставува сите различни интереси и интересни групи во локалната заедница и ги пренесува ставовите, мислењата и потребите на граѓаните и правните лица, ги следи состојбите во планирањето преку давање на иницијативи, насоки и сигестии за изготвување на плански решенија и во постапката за изработување и донесување на плановите ги разгледува планските програми и планските решенија на урбанистичките планови во нивната работна верзија.

Партиципативното тело се состои од членови на комисијата за урбанизам на Општината што ги одредува Градоначалникот, стручни лица вработени во правното лице што го изработува урбанистичкиот план кој е предмет на расправа, а особено од лица кои се претставници од урбаните и месните заедници, претставници на невладините организации од различни сегменти на урбаниот живот, здруженија на граѓани и граѓански активисти од подрачјето на Општината што ги претставуваат различните групи на граѓани, како и граѓани што се стручни лица од областа на урбанистичккото планирање и други стручни области суштествени за планирањето и одржливиот развој на градот.

Партиципативното тело се формира од доброволно пријавени лица.

  1. Право на учество на јавниот оглас

Лицата што не се вработени во единицата на локална самоуправа, Општина Прилеп е на доброволна основа.

Јавниот оглас трае 30 дена од денот на објавувањето на веб страната на Општина Прилеп и во писмена форма со излагање на огласот на огласна табла на Општина Прилеп.

Посебни услови за идните членови на Партиципативното тело, кои е потребно да ги исполнуваат не се определени, само е потребно да се претставници од урбаните и месните заедници, претставници на невладините организации од различни сегменти на урбаниот живот, здруженија на граѓани и граѓански активисти од подрачјето на Општината што ги претставуваат различните групи на граѓани, како и граѓани што се стручни лица од областа на урбанистичккото планирање и други стручни области суштествени за планирањето и одржливиот развој на градот.

  1. Обврски на пратиципативното тело

Седниците на партиципативното тело  се свикуваат по потреба, но најмалку еднаш на 2 (два) месеци. Партиципативното тело има консултативна улога во постапката за изработување и донесување на урбанистички планови , особено ја разгледува планската програма во фаза пред таа да му биде предложена на Градоначалникот за одобрување , како и урбанистичкиот план во фаза на урбанистичко планско решение пред да биде дадено на стручна ревизија. Работата на Партиципативното тело е јавна.

  1. Начин на работа

Начинот на работа и бројот на членови на партиципативното тело се уредуваат во деловникот  на партиципативното тело што го донесува Советот на единицата на локалната самоуправа при што бројот на граѓански членови на партиципативното тело што се пријавиле на доброволна основа не е ограничен.

Пријавите се подигаат од Архивата на Општина Прилеп и веб страната на Општина Прилеп,  кои треба да бидат  уредно пополнети и доставени во предвидениот рок на адресата на Општина Прилеп до Комисијата за мандатни прашања.

ПРИЈАВА и ИЗЈАВА

Општина Прилеп
Градоначалник на Општина Прилеп
Илија Јованоски