„Музички маратон“ на учениците од ООМУ “Ордан Михајлоски – Оцка”

Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ денеска се одржа „Музички маратон“ на кој се претставија  48 ученици.

Организатор на пијано маратонот кој траеше повеќе од дав часа е музичкото училиште „Ордан Михајлоски – Оцка“.  „Музичкиот маратон“ го посети градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески кој им честиташе на најдобрите ученици и ги додели наградите.

Оваа година темите на кои музицираа учениците беа слободни а маратонот беше организиран согласно протоколите за заштита од Ковид 19.