ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРЕДЛАГАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА ЧЛЕНОВИ НА ЛОКАЛНИОТ МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП

 

Врз основа на член 55 од Статутот на Општина Прилеп (Службен гласник на Општина Прилеп број 5 од 27.05.2021) член 5 од Одлуката за формирање на Локален младински совет, а во врска со член 17 од Законот за младинско учество и младински политики (“Службен весник на Република   Северна Македонија“ бр.10/20),  Локалното собрание на млади на Општина Прилеп објавува:

 

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРЕДЛАГАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА ЧЛЕНОВИ НА ЛОКАЛНИОТ МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП

 

 

 

  1. Локалниот младински совет на Општина Прилеп е советодавно тело на Советот на Општина Прилеп, основано заради подобрување на положбата и решавање на проблемите на младите во Општина Прилеп.

Во Локалниот младински совет на Општина Прилеп можат да бидат избрани млади со постојано место на живеење на територијата на Општина Прилеп со старосна граница од 15 до 29 години.

Комисијата на Локалното собрание на млади чија задача е избор на членови на Локалниот младински совет, ја разгледува целосната документација, го следи презентирањето на програмите на кандидатите и ги спроведува изборите во кои сите делегати на Локалното собрание на млади имаат право на глас.

 

  1. Локалниот младински совет на Општина Прилеп брои 9 членови.

Локалниот младински совет од своите редови избира претседател. Избраниот претседател од членовите на Локалниот младински совет избира заменик претседател.

Членовите на Локалниот младински совет на Општина Прилеп се бираат со мандат од две години со право на уште еден избор.

 

  1. Право на предлагање на кандидати за членови во Локалниот младински совет имаат: младински организации, организации за млади, подмладоци на политички партии, ученички и студентски организации и други регистрирани облици на организирање на младите.
  2. Потребни документи за аплицирање:
  • Мотивационо писмо на предложениот кандидат,
  • CV на предложениот кандидат.
  • Сертификати и дипломи добиени од курсеви, обуки и натпревари на кандидатот.

 

  1. Кандидатите се должни да достават:
  • Документација од која е видливо дека кандидатите ги исполнуваат условите од точка 4 од овој Јавен повик;
  • Краток опис на дејноста на организацијата / политичката партија;
  • Програма на кандидатот

– Приоритетни активности (краток опис)

– Временска рамка

Кандидатите имаат обврска да состават програма со која накратко ќе ги презентираат своите идеи и планови за работа пред членовите на Локалното собрание на млади.

 

  1. Рокот за поднесување на предлози за кандидат за членови на Советот на млади на Општина Прилеп е 12 (дванаесет) дена од објавување на овој јавен повик.

Ненавремено доставените документи и нецелосна документација нема да се разгледува.

Апликациите ќе бидат разгледувани од страна на Локалното собрание на млади со цел избор на членови на Локалниот младински совет при Општина Прилеп.

Предлозите за кандидати за членови на Локалниот младински совет на Општина Прилеп, со назнака “Предлог кандидат за избор на членови на Локалниот младински совет на Општина Прилеп”, се доставуваат на е-маил адресата sovetnikmladiprilep@gmail.com и писмено на адреса:

Општина Прилеп

Ул. Питу Гули бр. 2, 7500 Прилеп

“За Јавниот повик за членови на Локалниот младински совет  на Општина Прилеп“

                Претседавач на

      Локално собрание на млади

              на Општина Прилеп

             Филип Стојаноски   ср.

 

Документација за Јавен повик МЛАДИНСКИ СОВЕТ