Известување за достапност на документ ПУЖССА за проект за реконструкција и рехабилитација на постоен пат ул.„Мице Козар“

ИЗВЕСТУВАЊЕ  за достапност на документ План за управување со животната средина и со социјалните аспекти (ПУЖССА) за проект за реконструкција и рехабилитација на постоен пат, ул. „Мице Козар“ општина Прилеп во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта

Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта” кој се реализира од
Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со
цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Прилеп аплицираше со проект за реконструкција и рехабилитација на постоен пат, ул. „Мице Козар“ општина Прилеп.

Согласно барањата на Светска Банка беше подготвен документ “План за
управување со животната средина и социјалните аспекти” во кој се анализирани
влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од
реализацијата на проектот.

Документот “План за управување со животната средина и социјалните аспекти” ќе
биде ставен на јавен увид на веб страните на: Министерството за транспорт и врски
(http://www.mtc.gov.mk) и на Општина Прилеп (https://www.prilep.gov.mk/) на 15 мај 2020.

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на
документот на веб страна.

Министерство за транспорт и врски

ESMP Checklist_ Project Prilep_ENG_14.5.20

ESMP Checklist_ Project Prilep_mk_14.5.20

Formular za komentari na dokument za Prilep

Izvestuvanje za dostapnost na ESMP Checklista_ Prilep