Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, сабота 16-ти мај

Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, сабота 16-ти мај:

  1. Во општина Прилеп денеска се евидентирани 4 нови случаи на КОВИД-19, а од заразната болест оздравеле две лица;
  2. На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 21 лице, од кои 16 се позитивни на коронавирус. Двајца пациенти се наоѓаат на кислородна поддршка, а заради потешката клиничка слика, еден пациент ќе биде испратен на Клиничката болница во Скопје. Во делот за изолација се наоѓаат 5 пациенти. Од нив, двајца се негативни на коронавирус, а на тројца земен им е брис и се чекаат резултати;
  3. Во самоизолација се наоѓаат 160 лица;
  4. Во изминатото деноноќие не се забележани нарушувања на полицискиот час.

Со почит,

Општина Прилеп