ИСПРАВКА НА ОБЈАВА 1/2021 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавање

ИСПРАВКА НА ОБЈАВА 1/2021

за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавање со намена:

домување во станбени куќи согласно со ДУП за четврт 7 блок 7.1 со одлука бр.09-4376/11 од 26.12.2019 год.

Во објава 1/2021 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавање во Општина Прилеп, објавена во (“Службен весник на Република Северна Македонија” број 130 од 14.06.2021 година и во дневните весници “Вечер” и “ Слободен печат” oд 14.06.2021 година, согласно член 56 од Законот за градежно земјиште (“Службен весник на Република Северна Македонија” број 15/15, 98/15, 193/15, 226/15, 31/16, 142/16, 190/16 и 275/19) се врши исправка и тоа:

Во делот УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ во точка 5 после зборот понудувач се додава следното: “Банкарската гаранција покрај во електронска форма задолжително да ја достави и во оригинал преку архивата при Општина Прилеп до Комисијата за спроведување на постапки за јавно наддавање во бел коверт со назнака “не отварај” и со повикување на бројот на јавната објава заклучно со истекот на рокот за пријавување”

Во делот ПОСТАПКА точка 14 се менува и гласи:

По доставување на доказ за извршена уплата на данокот на промет на недвижност, купувачот во рок од 30 (триесет) дена електронски го доставува договорот  кај нотар  заради спроведување на постапка за солемнизација. Купувачот е должен солемнизацијата да ја изврши во рок од 30 (триесет) дена од доставувањето на договорот кај надлежен нотар.

Во делот ПОСТАПКА точка 16 се менува и гласи:

Со договорот најповолниот понудувач (купувачот) се обврзува во рок од 9 (девет) месеци од извршената солемнизација на договорот за градежната парцела која што е со површина до 5.000 м², да обезбеди одобрение за градење на предвидениот објект согласно урбанистички план по кој земјиштето е отуѓено. Со договорот најповолниот понудувач се обврзува да го изгради објектот согласно урбанистички план по кој земјиштето е отуѓено во рок согласно со одредбите од Законот за градење а согласно со категоризацијата на градба.

Останатите податоци содржани во објавата број 01/2021 остануваат непроменети.

Оваа Исправка на Објава број 01/2021 ќе биде објавена и на web-страната на Општина Прилеп www.prilep.gov.mk.

ОПШТИНА ПРИЛЕП

Комисија за спроведување на

постапките  за јавно наддавање